Bosch GDC 125 Original Instructions Manual page 166

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
OBJ_BUCH-1810-004.book Page 166 Wednesday, February 4, 2015 11:49 AM
166 | Македонски
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до
19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016:
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми: EN 60745-1,
EN 60745-2-22.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 02.02.2015
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Вшмукувач за прав
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Ставање/менување на дијамантската брусна
плоча за сечење (види слика A)
 При ставање и менување на дијамантската брусна
плоча за сечење се препорачува носење на
заштитни ракавици.
 Дијамантската брусна плоча за сечење за време на
работата станува многу жешка, не ја допирајте пред
да се олади.
1 609 92A 0Y3 | (4.2.15)
 Секогаш користете дијамантска брусна плоча за
сечење со правилната големина и со соодветниот
отвор за прифат, кој е соодветен на димензиите
дадени во Техничките податоци.
 Користите само дијамански брусни плочи за
сечење. Сегментните дијамантски плочи смеат да
покажуваат негативен агол на сечење и максимален
процеп од 10 мм помеѓу сегментите.
Монтирање на дијамантската брусна плоча за сечење
– Исчистете ја дијамантската брусна плоча за сечење 19
и сите стезни делови што се монтираат.
– Ставете ја приклучната прирабница 18 на погонското
вретено 17.
– Поставете ја дијамантската брусна плоча за сечење 19
на приклучната прирабница 18. Правецот на стрелката
на дијамантската брусна плоча за сечење 19 и
стрелката која го покажува правецот на вртење на
заштитната хауба 6 мора да соодветствуваат.
– Поставете ја стезната прирабница 20 и зашрафете го
затезниот шраф 21.
– Притиснете ја блокадата на вретеното 13 и држете ја
притисната.
– Со внатрешен шестаголен клуч 22 цврсто зашрафете го
затезниот шраф 21 (вртежен момент 3 – 5 Nm).
Демонтирање на дијамантската брусна плоча за
сечење
– Притиснете ја блокадата на вретеното 13 и држете ја
притисната.
– Со внатрешниот шестаголен клуч 22 извадете го
затезниот шраф 21.
– Извадете ја стезната прирабница 20 и дијамантската
брусна плоча за сечење 19 од погонското вретено 17.
Прицврстување на сетот црева
(види слики B–C)
 При сечење во влажни материјали користете само
вода како течност за ладење.
Сетот црева прицврстете го само со шрафовите наменети
за тоа и прстенот-пружина на електричниот апарат.
Зашрафете го приклучокот на цревото 24 на славината за
вода одн. на приклучокот од резервоар за вода.
Резервоарот со вода заради постигнување на точниот
притисок мора да се наоѓа најмалку 80 см над работната
површина над електричниот апарат.
Ставете го цревото за поврзување на 23 спојницата за
црево 5. Проверете дали е зацврстено со влечење на
цревото за поврзување.
Регулирајте ја количината на вода што излегува од
славината за прекин на вода 25 пред да почнете да го
користите електричниот уред.
Дозволениот максимален притисок на водата изнесува
0,12 MPa.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents