Download Print this page

Samsung UE46D6100 User Manual page 224

Led tv
Hide thumbs Also See for UE46D6100:

Advertisement

За повеќе информации за начинот на користење на e-Manual (стр. 14)
Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се
разликуваат од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производот можат
да се променат без претходно известување.
1.
Функциите поврзани со дигиталната телевизија (DVB) се достапни само во држави/области во кои се емитуваат дигитални антенски
сигнали DVB-T (MPEG2 и MPEG4 AVC) или во места од кои можете да пристапите до компатибилна услуга за кабелска телевизија DVB-C
(MPEG2 и MPEG4 AAC). Прашајте го локалниот продавач за можноста за примање на DVB-T или DVB-C сигнал.
2.
DVB-T претставува DVB стандард во Европскиот конзорциум за емитување на дигитална антенска телевизија, а DVB-C претставува
стандард за емитување на дигитална кабелска телевизија. Меѓутоа, некои поразлични функции како EPG (електронски програмски водич),
VOD (видео по потреба) и така натаму, не се вклучени во овие спецификации. Тоа значи дека тие нема да функционираат во моментот.
3.
Иако овој телевизор ги задоволува најновите стандарди за DVB-T и DVB-C, почнувајќи од [август, 2008 година], не можеме да гарантираме
компатибилност со идните емитувања на DVB-T дигитален антенски и DVB-C дигитален кабелски сигнал.
4.
Во зависност од државата/областа во која се користи овој телевизор, некои даватели на кабелска телевизија може дополнително да ви
наплатат за таквата услуга, а може да биде потребно и да се согласите со условите и одредбите на нивното деловно работење.
5.
Некои функции за дигиталната телевизија може да бидат недостапни во некои држави и региони, а DVB-C може да не работи правилно со
некои даватели на кабелски услуги.
6.
За повеќе информации, обратете се во вашиот локален центар за грижа на корисници од Samsung.
Квалитетот на приемот на телевизорот може да се намали поради разлики во начините за емитување во различни држави. Проверете
ги перформансите на телевизорот кај овластениот локален продавач на SAMSUNG или центарот за поддршка на Samsung, за да
дознаете дали може да ги подобрите со повторно конфигурирање на поставувањата на телевизорот.
Избегнувајте прикажување на неподвижни слики на екранот (како фајлови со слики во jpeg формат) или елементи од неподвижни слики (како
лого ознаки од телевизиски програми, панорамски слики или слики во 4:3 формат, лента за известувања за берзата или новости на дното од
екранот итн.). Постојаното прикажување на фотографии може да предизвика двојни слики на LED екранот, кои ќе го намалат квалитетот на
сликата. За намалување на ризикот од ваквиот ефект, следете ги препораките кои се наведени подолу:
Избегнувајте прикажување на истиот телевизиски канал во долги временски периоди.
Обидете се секоја слика да ја прикажете на цел екран, а за најдобро усогласување користете го менито за поставување формат на слика
на телевизорот.
Намалете ги вредностите за осветленост и контраст на потребното минимално ниво за да го добиете саканиот квалитет на сликата,
бидејќи премногу големите вредности може да го забрзаат процесот на горење на екранот.
Употребувајте ги често функциите на телевизорот кои се дизајнирани да го намалат задржувањето на сликите и горењето на екранот, а за
повеќе детали погледнете го e-Manual.
Одржувајте го потребното растојание помеѓу телевизорот и останатите предмети (на пр. ѕидови) за да овозможите соодветна инсталација.
Доколку не се придржувате до ова, може да предизвикате пожар или проблем кај производот поради зголемување на внатрешната
температура на производот.
Доколку користите држач или ѕиден носач, користете делови обезбедени само од компанијата Samsung Electronics.
• Ако користите делови обезбедени од други производители, може да предизвикате проблем кај производот или повреда поради
неисправност на уредот.
Изгледот може да се разликува во зависност од производот.
• Внимавајте кога го допирате телевизорот, бидејќи некои делови може да бидат многу загреани.
Инсталација со држач.
10 cm
Известување за дигитална телевизија
Предупредување за неподвижна слика
Обезбедување на просторот за инсталација
10 cm
10 cm
Македонски - 2
Инсталација со ѕиден носач.
10 cm
10 cm
10 cm
10 cm

Advertisement

loading