Skil 5330 Original Instructions Manual page 179

Compact multi-material saw
Hide thumbs Also See for 5330:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
доколку се превземат правилните мерки на
претпазливост.
b) Кога сечилото ќе удри или доколку дојде до
прекин на сечењето од било која причина,
отпуштете го орозот и држете ја неподвижната
пила во материјалот, се додека сечилото сосема
не застане. Никогаш не се обидувајте да ја
отстраните пилата од местото каде работите или
да ја повлечете пилата наназад кога сечилото се
движи или доаѓа до повратен удар. Испитувајте и
превземете определени акции за исправање, за да
ги елеминирате причините за удар на сечилото.
Избегнувајте сечење на клинци и штрафови.
c) Кога повторно ќе ја стартувате пилата која се
наоѓа на местото каде работите, центрирајте ја
пилата во засекот и осигурајте се запците на
пилата да не влегуваат во материјалот. Доколку
сечилото удира, може да дојде до отскокнување од
местото каде се работи, или до повратен удар, кога
пилата повторно се вклучува.
d) Под големите плочи ставете потпора за да го
намалите ризикот од пробивање на сечилото и
повратен удар. Големите плочи имаат тенденција
да се виткаат под сопствената тежина. Потпората
мора да се стави под плочата, од двете страни, близу
до линијата на сечењето и близу работ на плочата.
e) Не користете тапо или оштетено сечило.
Ненаоштрени или неправилно поставени сечила
може да доведат до тесен засек и да предизвикаат
прекумерно триење, удирање на сечилото или
повратен удар.
f) Рачките за заклучување на длабочината на
сечењето и подесување на косината мора да
бидат цврсти и обезбедени, пред почетокот на
сечењето. Доколку подесувањето за сечивото се
промени за време на сечењето, може да дојде до
удирање и до повратен удар.
g) Обрнете особено внимание кога сечете со пилата
во постојни ѕидови или други слепи области.
Сечилото што произлегува може да пресече објекти
коишто предизвикуваат повратен удар.
3) ФУНКЦИЈА НА ЗАШТИТАТА
a) Проверете дали заштитата е добро затворена
пред секоја употреба. Не вклучувајте ја пилата
ако заштитата не се движи слободно и не го
опфаќа веднаш сечилото. Никогаш не стегајте
или не врзувајте ја заштитата на начин сечиво да
остане изложено. Заштитата може да се свитка ако
пилата случајно падне. Проверете дали заштитата се
движи слободно и не ги допира сечилото или некој
друг дел по сите агли и длабочини за сечење.
b) Проверете ги работата и состојбата на
повратниот повратниот федер на заштитата. Ако
заштитата и федерот не работат правилно, мора
да се сервисираат пред употребата. Заштитата ќе
работи бавно заради оштетени делови, лепливи
остатоци или наталожен отпаден материјал.
c) Обезбедете основната плоча да не се движи
додека "сечете со забодување" и кога
поставката за закосеност на сечилото не е на
90°. Профилите за менување на сечилото ќе доведат
до виткање и веројатно до повратен удар.
d) Секогаш внимавајте заштитата да го покрие
сечилото пред да ја спуштите пилата на клупа
или на подот. Незаштитениот раб на сечилото ќе
доведе до повратен 'од на пилата, сечејќи се на
патот. Внимавајте на времето коешто е потребно да
застане сечивото откако ќе се отпушти
прекинувачот.
4) БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ПРИ
СЕЧЕЊЕ СО МАШИНАТА
a) Заштитата што се обезбедува со алатот мора
безбедно да се закачи на алатот и да се постави
за да пружи максимална безбедност на тој начин
што помал дел од тркалото ќе биде изложено
кон работникот. Поставете се себеси и
присутните лица подалеку од просторот на
ротирачкото тркало. Заштитата го штити
операторот од деловите на скршеното тркало и од
случаен контакт со тркалото.
b) Користете само дијамантски тркала за
отсекување со алатот. Само заради тоа што
одредена дополнителна опрема може да се прикачи
на алатот, тоа не значи дека ќе обезбеди безбедна
работа.
c) Номиналната брзина на дополнителната опрема
мора ба биде барем еднаква на максималната
брзина посочена на алатот. Дополнителната
опрема којашто работи побргу од номиналната
брзина може да се откачи.
d) Тркалата мора да се користат само за
препорачаните примени. На пример: Не брусете со
страната на тркалото за сечење. Абразивните
тркала за сечење се наменети за периферално
брусење. Применетите странични сили кај овие
тркала може да предизвикаат кршење.
e) Секогаш користете неоштетени потпори за
тркалата со соодветен дијаметар за избраното
тркало. Соодветните потпори за тркалата го
потпираат тркалото и на тој начин ја намалуваат
можноста за кршење на тркалото.
f) Надворешниот дијаметар и дебелината на
дополнителната опрема мора да бидат во
рамките на капацитетот посочен на алатот.
Несоодветната големина на дополнителната опрема
не може соодветно да се обезбедува и контролира.
g) Вкупната димензија на тркалата и потпорите
мора правилно да легнуваат на алатот. Тркалата
и потпорите со отворите коишто не соодветствуваат
на елементот за поставување кај алатот нема да
работат рамномерно, ќе вибрираат прекумерно и
може да предизвикаат да ја загубите контролата.
h) Не користете оштетени тркала. Проверете ги
тркалата дали имаат отцепени делови и
пукнатини. Ако алатот или тркалото паднат,
проверете дали се оштетиле или ставете
неоштетено тркало. По проверката и
поставувањето на тркалото, поставете се
подалеку од опсегот на областа на ротирачкото
тркало, потоа вклучете го алатот на
максималната брзина да работи една минута без
оптоварување. Оштетените тркала обично ќе се
откачат во текот на овој период за проверка.
179

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents