Bosch GSR Mx2Drive Professional Original Instructions Manual page 203

Hide thumbs Also See for GSR Mx2Drive Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 12
OBJ_BUCH-1208-003.book Page 203 Monday, June 24, 2013 3:19 PM
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на
сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да
излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch.
Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Користете само оригинални Bosch батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричен уред. При користење на други
батерии, на пр. имитации, истрошени батерии или непознати производители, постои
опасност од повреди како и материјални штети доколку експлодира батеријата.
Останати напомени за безбедност и работење
 Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои видови дрво, минерали и
метал може да биде штетна по здравјето и да доведе до алергиски реакции,
заболувања на дишните патишта и/или рак. Материјалите што содржат азбест
може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на
филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го
обработувате.
 Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување,
замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, прекинувачот за
правец на вртење ставете го во средна позиција. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
 Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно
батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
 Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
 Електричниот апарат ставете го на шрафот само доколку е исклучен. Доколку
апаратот е вклучен и се врти, тој може да се преврти и падне.
 Цврсто држете го електричниот апарат. При префрлување во брзина може да
настанат високи реакциски моменти. При префрлување во брзина може да служнете
звуци.
 За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го
користите.
Bosch Power Tools
Македонски | 203
Македонски | 203
1 609 92A 0CA | (24.6.13)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents