Местење - Electrolux EMS21400 User Manual

Hide thumbs Also See for EMS21400:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
20 EMS21400 MK
Местење
1. Извадете ги налепниците од
вратата.
2. Печката треба да се намести на
рамна површина. Површината
треба да биде доволно силна за
да ја издржи тежината (13,5 кг)
на печката, како и на
содржината. За да избегнете
создавање вибрации или
бучава, печката мора да биде
стабилна.
3. Печката треба да биде
подалеку од топлина и вода.
Изложеноста на топлина и вода
може да ја намали ефикасноста
на печката и да доведе до
неисправности, затоа
внимавајте да ја наместите
печката подалеку од извори на
топлина или вода.
4. Не блокирајте ги отворите за
проветрување одозгора и од
страните на куќиштето и не
ставајте ништо одозгора на
печката. Ако отворите за
проветрување се блокирани за
време на работата, печката
може да се прегрее, а тоа може
да доведе до неисправности.
Од отворите излегува жешок
воздух, затоа внимавајте да не
ги попречите или да дозволите
завеси да се најдат меѓу
печката и ѕидот одзади.
5. Ставете ја печката колку е
можно подалеку од радија и
телевизори. Печката е во
согласност со барањата на ЕЕК
за придушување на радио-
пречките, но може да дојде до
одредени пречки ако се стави
преблизу до радио или
телевизор, затоа држете ги што
е можно подалеку.
ВАЖНО!
Задната плоча може да стане
жешка. Осигурете се дека
микробрановата печка е поставена
близу ѕид за да спречи контакт за
време на употребата.
Печката може да се стави секаде
во кујната. Внимавајте печката да
биде на рамна површина и
отворите, како и површините под
печката, да не се блокирани (за
доволно проветрување).
Приклучување во електричната
мрежа
Печката се испорачува со гајтан за
стрја и приклучок за вземјен
приклучок за струја од 230V, 50Hz.
Вземјувањето го намалува
ризикот при кусите споеви.
Проверете дали напонот на печката
одговара на напонот на мрежата.
Ако печката се приклучува со
продолжен кабел, проверете дали
кабелот е вземјен.
Апаратот не смее да се користи со
невземјен приклучок за струја.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ems21200Ems 21400 s

Table of Contents