Electrolux EMS21400 User Manual page 118

Hide thumbs Also See for EMS21400:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Не обидувајте се да сушите алишта
или весници во микробрановата печка.
Тие може да се запалат.
Не користете ја внатрешноста за
чување предмети. Не оставајте хартија,
прибор за готвење или храна во
внатрешноста кога печката не се
употребува.
Микробрановата печка е опрема ISM
од Група 2, кај која радиофреквентната
енергија се произведува намерно и се
користи во облик на електромагнетно
зрачење за обработка на материјали.
Печката е опрема од Класа Б,
погодна за употреба во домашни
услови и во простории директно
поврзани со нисконапонска мрежа што
снабдува згради за станување.
Микробрановата печка не се става во
плакар, освен ако не е испитана во
плакар.
Предупредување: Ако забележите чад,
исклучете го апаратот или откачете го
од струја и оставете ја вратата
затворена за да се задуши
евентуалниот пламен. Никогаш не
гасете со вода.
Предупредување: Деца и немоќни лица
смеат да ја користат микробрановата
печка без надзор само ако се доволно
упатени да можат да ја користат на
безбеден начин и ако ги разбираат
опасностите од неправилна употреба.
Сосема е нормално од околу вратата
да излегува пареа, вратата да се
замагли, дури и да се појават капки
вода под вратата за време на
готвењето. Тоа е обична кондензација
од топлината на храната и не влијае
врз безбедноста на печката. Вратата не
е направена да го затвори
отворот на печката сосема.
Не вртете ја плочата со сила. Така
може да се предизвика неправилна
работа.
Метални предмети во печката
предизвикуваат искрењето за време на
работата на микробрановите.
Подолготрајно искрење може да го
оштети апаратот. Сопрете ја
програмата и проверете го садот.
Треба да се внимава да не се
попречат отворите за проветрување
што се наоѓаат одозгора, одзади,
отстрана и одоздола на печката.
Предупредување: Не користете ја
печкава за комерцијални цели. Печката
е направена само за домашна употреба.
Распакување
Кога ја распакувате печката, проверете
да нема оштетувања. Оштетувањата и
деловите што недостигаат мора
веднаш да се пријават кај продавачот.
Печката, деловите на печката или
додатоците може да се завиткани во
заштитна фолија. Ако се завиткани,
мора да ја извадите фолијата пред да
ја користите печката. Не оставајте ја
амбалажата каде што мали деца може
да си играат со неа. Тоа може да биде
опасно.
EMS21400 MK 3

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ems21200Ems 21400 s

Table of Contents