Beko CWB 6420 X User Manual page 64

Cooker hood
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
на вентилот со помош на термостат. Ако го вклучите
прекинувачот (положба ON), по една минута вентилот
се отвора вртејќи се 90°, што овозможува извлекување
на устојаниот воздух. Ако го исклучите прекинувачот
(положба OFF), вентилот се затвора за 100 секунди.
• Прицврстување на ѕид:
Издупчете ги дупките A внимавајќи на дадените растојанија
(Cлика 2). Прицврстете го апаратот на ѕидот и порамнете го
во хоризонтална положба во однос на другите елементи.
Кога ќе го наместите апаратот, прицврстете го аспираторот
со шрафовите A (Cлика 4). За разни видови инсталации
користете шрафови и типли што одговараат на видот
на ѕидот (на пр. за зајакнат бетон, гипс-картон или сл.).
Ако шрафовите и типлите се приложени со производот,
проверете дали одговараат на видот на ѕидот на којшто
треба да се прицврсти аспираторот.
• Прицврстување на украсниот продолжен ќунк:
Поставете го напојувањето со електрична енергија во
склад со димензиите на украсниот ќунк. Ако вашиот апарат
треба да се намести како верзија за во вентилација или
со надворешен мотор, подгответе го отворот за излез
на воздухот. Приспособете ја широчината на држачот на
горниот дел на ќункот (Cлика 3). Потоа прицврстете го на
плафонот со помош на шрафовите A (Cлика 3) така што ќе
биде порамнет со капакот, соодветно на растојанието од
плафонот прикажано на Cлика 2. Поврзете го ободот C
со отворот за излез на воздухот со цевка за поврзување
(Cлика 4). Вметнете го горниот ќунк во долниот и положете
ги врз рамката. Продолжете го горниот ќунк нагоре до
држачот и прицврстете го со шрафовите B (Cлика 3). За да
го претворите аспираторот од верзија за во вентилација
во верзија со филтер, побарајте јагленски филтри од својот
продавач и постапете според упатството за местење.
• Верзија со филтер:
Наместете го аспираторот и двата ќунци како што е
опишано во пасусот за местење на аспираторот во верзија
за во вентилација. За да го составите ќункот за филтрирање
видете во упатството содржано во комплетот. Ако
комплетот не е приложен, нарачајте го од продавачот како
прибор. Филтрите мора да се стават на делот за влечење
на воздухот што се наоѓа внатре во аспираторот. Мора да
се центрираат со вртење под агол од 90 степени додека не
се затвори бравата (Cлика 6).
КоРистеЊе и одРЖуВаЊе
• Се препорачува апаратот да се вклучува пред готвење.
Се препорачува да се остави апаратот да работи 15 минути
по готвењето за да може целосно да се отстранат пареата
и миризбата од него. Правилното функционирање на
аспираторот зависи од редовноста на одржувањето,
особено на филтерот со активен јаглен.
• Филтерот за маснотии е одговорен за задржување на
масните честички кои лебдат во воздухот кои можат да го
запушат апаратот зависно од користењетона истиот.
- За да се избегне опасност од пожар, максимум на секои
два месеца, потребно е да се измијат филтрите за маснотии
на рака, со користење на течни неабразивни детергенти
или во машина за садови на ниски температури и на краток
циклус.
- Во случај на користење на акрилични филтри за маснотии,
се препорачува миење на рака на секои 2 месеца, со
користење на неутрален и не-абразивен течен детергент,
и заменување во просек на секои 6 миења.
- По неколку миења можно е менување на бојата. Ова не е
причина за каква било рекламација за замена на апаратот.
• Филтрите со активен јаглен служат за прочистување
на воздухот кој се испушта во просторијата со функција на
ублажување на мирисот кој се произведува со готвењето.
- Филтрите со активен јаглен кои не се регенерираат треба
да се менуваат максимум на секои 4 месеци. Густината на
активен јаглен зависи од употребатата на апаратот, од типот
на готвење и на регуларноста со која се чисти филтерот за
маснотии.
• Пред да се монтираат филтрите за маснотии и
филтрите со активен јаглен важно е тие да бидат добро
исушени.
• Редовно чистете ги вентилаторот и другите површини
на аспираторот со крпа навлажнета со денатуризиран
алкохол или неабразивен течен детергент.
• Светлото е наменето за користење за време на готвењето,
но не и за подолго општо осветлување.
Подолгото користење на светлото значително го намалува
векот на траење на сијалицата.
• внимание: не придржувањето кон упатствата за чистење
на аспираторот и заменувањето и чистењето на филтрите
можат да предизвикаат пожар. Затоа се препорачува да ги
следите упатствата.
• Менување на халогенките (Cлика 7A):
За да ги замените халогенките B, извадете го стаклото
C користејќи лост во соодветните отвори. Заменете ги
халогенките со нови од ист вид. внимателно: не допирајте
ја "крушата" со голи раце.
• Замена на LED лампи (слика 7B):
Ако вашиот апарат е верзија со LED лампи за замена на
истите потребна е интервенција на техничар.
• Замена на халогени сијалици (Cлика 8):
Користете само светилки од ист тип со ист ват, и светилки
инсталирани на уредот.
• Команди (Cлика 9) механички подолу се опишани
симболите:
A = СВЕТЛО
B = ИСКЛУЧЕНО
C = БрЗИНА I
D = БрЗИНА II
E = БрЗИНА III.
• Механичка контрола (Cлика 10) симболиката е како што
следува:
А = Копче за светлина/вклучено- исклучено
б = Копче за исклучување/прва брзина"
C = Втора брзина
D = Трета брзина.
Ако аспираторот се исклучи во прва, втора или трета
брзина кога ќе се вклучи тој почнува повторно да работи
со истата оперативна брзина оставена за време на
исклучувањето.
• Команди лизгач (Cлика 11) симболите на копчињата се
објаснети подолу:
A = Светло
A1 = Исклучено
A2 = Вклучено
B = Светло за предупредување Gemma
C = Контрола на брзината
C1 = Исклучено
C2 = ПрВА БрЗИНА
C3 = ВТОрА БрЗИНА
- 62 -

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Cwb 6420 wCwb 9420 x

Table of Contents