Опис На Функциите - Makita 2704N Instruction Manual

Hide thumbs Also See for 2704N:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
МЕСТЕЊЕ
Поставување на столната пила
► Сл.1: 1. Дијаметар на отвор 8 мм
► Сл.2: 1. 6 мм стандардна шајбна 2. Бр.10 дрвена
завртка 40 мм минимална должина
► Сл.3: 1. 6 мм стандардна шајбна 2. 6 мм завртка
и навртка за монтирање цврсто затегнати
Поставете ја столната пила во добро осветлена и рамна
област, каде што може да обезбедите стабилна потпора и
рамнотежа. Треба да се монтира во област во која останува
доволно простор за лесно ракување со големината на вашите
работни материјали. Столната пила треба да се прицврсти
со четири шрафови или завртки на работната маса или на
масата за столната пила преку обезбедените отвори на дното
од столната пила. Кога ја прицврстувате столната пила на
работната маса, уверете се дека на работната маса има отвор
што е со иста големина со отворот на дното од столната пила
за да може струганиците да паѓаат низ него.
Доколку за време на работењето има тенденција столната
пила да се преврти, да се лизне или да се движи, работната
маса или таблата за пила треба да биде прицврстена за подот.
Чување на приборот
► Сл.4: 1. Граничник за косо сечење
► Сл.5: 1. Надолжен граничник 2. Стапче за
туркање 3. Запци против повратни удари
Граничникот за косо сечење, ножот за пила и
клучевите може да се складираат на левата страна од
основата. Исто така, надолжниот граничник, штичката
за туркање и запците против повратни удари може да
се складираат на десната страна од базата.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Штитник на ножот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
блокирајте го и не отстранувајте го штитникот
на сечилото. Изложеното сечило како резултат
на оневозможен штитник може да резултира со
тешка телесна повреда за време на работата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако штитникот за сечилото е
оштетен, неисправен или отстранет. Ако работите
со алатот со оштетен, неисправен или отстранет
штитник, може да дојде до тешка телесна повреда.
► Сл.6: 1. Штитник на ножот 2. Долен штитник
Кога сечете, туркајте го работниот материјал кон
сечилото така што долниот раб на долниот штитник да
ја допира главната маса. При внесувањето на работниот
материјал во пилата, штитникот на сечилото и долниот
штитник поминуваат над работ на работниот материјал.
Никогаш не
Никогаш не
61 МАКЕДОНСКИ
Во интерес на вашата лична безбедност, секогаш
одржувајте ги штитникот на сечилото и долниот штитник
во добра состојба. Секое неправилно функционирање на
штитникот на сечилото и долниот штитник мора веднаш да
се поправи. Проверете за да се уверите дека штитникот
на сечилото и долниот штитник се спуштени и дека
долниот раб на долниот штитник ја допира главната маса
кога работниот материјал не се внесува во пилата.
Ако проѕирните делови се извалкаат или на нив се залепат
струганици така што сечилото и/или работниот материјал
не се веќе видливи, исклучете го алатот од напојувањето
и внимателно исчистете ги проѕирните делови со влажна
крпа. Не користете растворувачи или какви било средства
за чистење врз база на бензин бидејќи тоа може да ги
оштети деловите. Ако проѕирните делови ја променат
својата боја со текот на времето или поради изложеност
на ултравиолетова светлина, стапете во контакт со
сервисен центар на Makita за да набавите нови делови.
НИКОГАШ НЕ БЛОКИРАЈТЕ ГИ И НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГИ
ШТИТНИКОТ И ДОЛНИОТ ШТИТНИК.
Нагодување на длабочината на сечењето
► Сл.7: 1. Рачка
Длабочината на засекот можете да ја прилагодите со
вртење на рачката. Свртете ја рачката надесно за да го
подигнете ножот за пила или налево за да го спуштите.
НАПОМЕНА: Користете мала длабочина кога
сечете тенки материјали за да добиете почист
засек.
Нагодување на аголот на закосеност
► Сл.8: 1. Лост за блокирање 2. Покажувач со
стрелка 3. Рачно тркало
Ослободете го лостот за заклучување вртејќи го налево и
завртете го рачното тркало сè додека не се добие саканиот
агол (0° - 45°). Аголот на закосување се гледа на стрелката.
Откако ќе го добиете саканиот агол, стегнете го лостот
надесно за да го задржите приспособувањето.
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе го поставите аголот
на закосување, цврсто стегнете го лостот за
заклучување.
Нагодување на кочниците
► Сл.9: 1. Шраф за нагодување од 90° 2. Шраф за
нагодување од 45°
► Сл.10
Алатот има кочници на 90° и 45° на површината
од масата. За да ги проверите и да ги поставите
кочниците, направете го следново:
Завртете го рачното тркало до крај. Ставете го
триаголниот линијар на масата и проверете дали
ножот за пила е на 90° или 45° на површината
од масата. Ако ножот за пила е под агол што
е прикажан на слика А, свртете ги шрафовите
за нагодување надесно, а ако е под агол што е
прикажан на слика Б, свртете ги шрафовите за
нагодување налево за да се нагодат кочниците.
По нагодувањето на кочниците, поставете го ножот
за пила под агол од 90° на површината од масата.
Потоа нагодете ја стрелката така што незиниот
десен раб ќе биде порамнет со градацијата од 0°.
► Сл.11: 1. Покажувач со стрелка

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents