Philips LatteGo 4400 Series User Manual page 507

Fully automatic espresso machine
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Македонски
506
Варење пијалаци
Општи чекори
1 Наполнете го резервоарот за вода со вода од чешма и наполнете го резервоарот за зрна кафе со
зрна.
2 Внесете го малиот приклучок во електричниот приклучок на задната страна од машината. Ставете
го приклучокот за напојување во ѕидниот штекер.
3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја вклучите машината.
-
Кога сите светла на иконите за пијалаци светат постојано, машината е подготвена за употреба.
4 Ставете филџан под одводот за распрскување кафе. Лизгајте го одводот за распрскување кафе
нагоре или надолу за да ја приспособите неговата висина на висината на филџанот или чашата
што ја користите (Сл. 2).
Варење кафе со зрна
1 За да сварите кафе, допрете ја иконата за пијалак по избор или допрете ја иконата „More Drinks"
(Други пијалаци).
-
Може да го приспособите пијалакот по ваш вкус. Користете ги стрелките за нагоре и надолу за
да ја приспособите јачината на кафето. Допрете ја иконата ОК ако сакате да приспособите и
други поставки.
2 Притиснете го копчето за старт/стоп
пијалак.
3 За да сопре распрснувањето на кафето пред да заврши машината, притиснете го копчето за
старт/стоп
повторно.
За да варите две кафиња истовремено, допрете ја иконата за пијалак два пати или изберете ја
иконата 2x со лизгање на назначената лента.
Немојте да користите карамелизирани зрна кафе или зрна кафе со посебен вкус.
Варење пијалаци на база на млеко со LatteGo (садот за
млеко)
LatteGo се состои од сад за млеко, рамка и капак за резервоарот. За да се избегне протекување,
погрижете се правилно да ги составите рамката и садот за млеко пред да го наполните садот за
млеко.
1 За да го составите LatteGo, прво вметнете го горниот дел од садот за млеко под куката на горниот
дел од рамката (Сл. 8). Потоа притиснете го долниот дел од садот за млеко на своето место. Ќе
слушнете кликнување кога ќе се заклучи на своето место (Сл. 9).
Забелешка: осигурете се дека садот за млеко и рамката се чисти пред да ги поврзете.
2 Малку навалете го LatteGo и ставете го врз одводот за врела вода (Сл. 10). Потоа притиснете го
додека не се заклучи на своето место (Сл. 11).
3 Наполнете го LatteGo со млеко (Сл. 12). Не полнете го садот за млеко над ознаката за максимум.
Ако сте го персонализирале количеството на млеко, можеби ќе треба да го наполните садот со
повеќе или помалку млеко од означеното за овој пијалак на LatteGo.
Секогаш користете млеко тукушто извадено од фрижидер за оптимални резултати.
4 Ставете филџан на послужавникот за капење.
во секое време за да започнете со варење на избраниот

Hide quick links:

Advertisement

Chapters

Table of Contents
loading

Table of Contents