Bosch Professional GWX 18V-10 P Instructions Manual page 282

Hide thumbs Also See for Professional GWX 18V-10 P:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
282 | Македонски
Поставете ја заштитната хауба (10) на тој начин што
u
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Во правецот на вртење на опремата заштитниот
u
капак (10) смее да се врти само со притискање на
лостот за отклучување (1)! Инаку, електричниот
алат не смее да се користи и мора да се предаде на
сервисната служба.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (10)
гарантираат, дека на електричниот алат може да се
монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
За сечење секогаш користете заштитна хауба за
u
сечење (11) или заштитна хауба за брусење (10)
заедно со поклопецот за сечење (14).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (11) се монтира како
заштитна хауба за брусење (10).
Поклопец за сечење од метал
Монтирајте го поклопецот за сечење (14) од метал на
заштитната хауба за брусење (10) (види слика A):
Навалете го заштитниот држач наназад (➊). Ставете го
поклопецот (14) на заштитната хауба за брусење (10)
(➋). Цврсто притиснете го заштитниот држач за
прицврстување на заштитната хауба (10) (➌).
За демонтирање (види слика B) притиснете го копчето на
заштитниот држач (➊) и навалете го наназад (➋).
Извлечете го поклопецот (14) од заштитната хауба (10)
(➌).
Поклопец за сечење од пластика
Ставете го поклопецот за сечење (14) од пластика на
заштитната хауба за брусење (10) (види слика C).
Поклопецот (14) се вклопува звучно и видливо на
заштитната хауба (10).
За демонтирање (види слика D) отклучете го
поклопецот (14) на заштитната хауба (10) (➊) лево или
десно и извлечете го поклопецот (➋).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (26) се
монтира како заштитна хауба за брусење.
Со прицврстување на дополнителната рачка (9)/(8) низ
заштитниот држач на хаубата за всисување до менувачот,
електричниот алат е цврсто поврзан со хаубата за
всисување. На хаубата за всисување со лизгачки
водилки (26) може да се поврзе соодветен Bosch-
всисувач за прав. За таа цел, ставете го цревото за
всисување со адаптерот за всисување во предвидените
делови за вметнување на хаубата за всисување.
Напомена: Триењето предизвикано од прашината во
цревото за всисување и додатоците за време на
всисувањето предизвикува електростатичко полнење
што корисникот може да го доживее како статичко
празнење (во зависност од факторите на животната
средина и неговата физиолошка состојба). Bosch
1 609 92A 8XG | (04.08.2023)
генерално препорачува употреба на антистатичко црево
за всисување (додаток) за всисување фина прашина и
суви материјали.
Заштита за дланките
Секогаш монтирајте ја заштитата за раце кога
u
работите со гумениот брусен диск (20) или со
лончестата четка/конусната четка/дијамантската
крунеста бургија (19).
Зацврстете ја заштитата за рацете (19) со
дополнителната рачка (9).
Стандардна-дополнителна рачка/дополнителна рачка
за придушување на вибрациите
Навртете ја дополнителната рачка (9)/(8) од десно или
од лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (9)/(8).
Не продолжувајте со работа со електричниот алат,
u
ако дополнителната рачка (9)/(8) е оштетена. Не
вршете промени на дополнителната рачка (9)/(8).
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите (8)овозможува
работење со мали вибрации и пријатна и безбедна
работа.
Монтирање и демонтирање на брусни алати
Внимавајте на посебните напомени за
монтирање кај алатите за вметнување X-
LOCK.
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Користете само оригинални X-LOCK-алати за
u
вметнување што го имаат логото X-LOCK. Само со
оригинални X-LOCK-алати за вметнување се гарантира
дека ќе се одржи дебелината на стегање од макс.
1,6 mm. Поголема дебелина на стегање може да
доведе до небезбедно стегање, по што може да се
олабави стегата.
За X-LOCK-алатите за вметнување не требаат стезна и
u
потпорна прирабница.
Внимавајте на тоа да не се деформираат алатот што се
u
вметнува и прифатот и да нема нечистоти и други
честички на нив.
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Проверете дали двете X-LOCK-резиња за вклопување се
отворени (види следна слика), пред да се монтира X-
LOCK-алатот за вметнување.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents