Vox EBC200DBR1 User Manual page 104

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Немојте да поправате или заменувате делови од уредот, освен ако тоа не е
посебно препорачано во упатството. Секоја друга поправка треба да ја изврши
квалификуван техничар.
• Немојте да ставате или пуштате тешки предмети врз плочата за готвење.
• Немојте да стоите врз плочата за готвење.
• Не користете садови со груби рабови и не ги влечете по површината на
индукционото стакло бидејќи може да се изгребе стаклото.
• Не користете жици или какво било силно абразивно средство за чистење на
плочата за готвење, бидејќи може да се изгребе индукционото стакло.
• Уредот е наменет за употреба во домаќинството и за слични намени, како: - кујни
за вработените во продавници, канцеларии и други работни опкружувања;
- селски домаќинства; - за гости во хотели, мотели и други објекти за сместување;
- за објекти кои нудат услуги на преноќевање со појадок.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни делови стануваат многу врели
во текот на употребата.
• Треба да се обидете да избегнувате допирање на загреаните елементи.
• Уредот треба да биде надвор од дофат на деца помлади од 8 години, освен ако
не се под постојан надзор.
Честитаме за купувањето на Вашата нова керамичка плоча.
Ви препорачуваме да одвоите одредено време за да го прочитате ова Упатство за
употреба / Упатство за инсталирање за во потполност да разберете како правилно
да ја инсталирате и да ракувате со неа. При инсталирањето, Ве молиме прочитајте
го делот за инсталација на уредот. Прочитајте ги сите безбедносни упатства
внимателно пред употреба и чувајте го упатството ако Ви затреба за идно
користење.
06

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents