Vox EBC200DBR1 User Manual page 101

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Безбедносни предупредувања
Вашата безбедност е важна за нас. Ве молиме прочитајте ги овие информации
пред да ја користите вашата плоча за готвење.
Инсталација
Опасност од електричен удар
• Прекинете го напојувањето на уредот со електрична енергија пред каква било
поправка или одржување на истиот.
• Поврзувањето на добро заземјување е неопходно и обврзно.
• Промените во домашниот систем на н апојување мора да ги изврши само
квалификуван електричар.
• Непочитувањето на овој совет може да доведе до струен удар или смрт.
Опасност од исеченици
• Внимателно – рабовите на плочата се остри.
• Невнимателноста може да доведе до повреди и исеченици.
Важни безбедносни упатства
• Внимателно прочитајте го ова упатство пред инсталација или употреба на
уредот.
• Никаков запалив материјал не смее да стои над уредот во кој било момент.
• Ве молиме, погрижете се овие информации да бидат достапни за лицето
одговорно за инсталација на уредот, што може и да ги намали трошоците за
инсталација.
• За да се избегнат ризици, уредот мора да биде инсталиран согласно овие
информации за инсталација.
• Уредот треба прописно да го инсталира и заземји само соодветно
квалификувано лице.
• Уредот треба да биде поврзан во струјно коло кое има изолациски прекинувач,
што овозможува потполн прекин на напојувањето со електрична енергија.
• Неисправната инсталација на уредот може да доведе до поништување на каква
било гаранција и одговорност.
• Овој уред може да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности, или со недостаток на искуство и
знаење, ако се под надзор или ако им се дадени упатства за безбедна употреба
на уредот, и притоа се свесни за можните ризици.
03

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents