Dolmar EM-370 Original Instruction Manual page 246

Hide thumbs Also See for EM-370:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
7. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ НА
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
a) Секогаш работете со одбивачот или собирачот на
трева поставен во точна позиција.
b) Секогаш запирајте го моторот пред да го вадите
собирачот на трева или да ја прилагодувате
висината за сечење.
c) Пред косењето, отстранете ги сите надворешни
предмети од тревникот што може да бидат
расфрлени од машината. Додека косите, останете
будни и внимавајте на надворешните предмети
што можеби сте ги испуштиле. (Сл. 15)
d) Никогаш не кревајте го задниот дел од косилката
додека го стартувајте моторот или при нормална
работа. (Сл. 16)
e) Никогаш не поставувајте ги вашите раце или нозе
под долната основа или во задниот канал за
исфрлање додека работи моторот. (Сл. 17)
8. СТАРТУВАЊЕ
Пред да ја приклучите косилката во изворот на
електрична енергија, осигурете се напонот на изворот
да е 230 V ~ 50 Hz.
Пред да ја стартувате косилката, фиксирајте го
продолжниот кабел на закачалката за кабел. (Сл. 18)
Кога косилката е вклучена, ќе се вклучи
индикаторската ламбичка. (Сл. 19)
Стартувајте го моторот на следниот начин. (Сл. 20)
a) Притиснете го безбедносното копче за притискање
(1).
b) Во меѓувреме, повлечете ја рачката на
прекинувачот (2) и задржете ја.
Кога моторот ќе почне да работи, почнете да ја туркате
косилката рачно.
Ако ја отпуштите рачката на прекинувачот, моторот ќе
запре.
ВНИМАНИЕ: Сечилото започнува да врти
штом се стартува моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Елементите за сечење
продолжуваат да вртат откако моторот ќе се исклучи.
9. СЕЧИЛО
Сечилото е направено од пресуван челик. Треба да се
остри често (со брусно тркало).
Осигурете се секогаш да е балансирано
(небалансираното сечило ќе предизвика опасни
вибрации). За да проверите дали е балансирано,
вметнете кружна шипка низ средишната дупка и
држете го сечилото во хоризонтална положба. (Сл. 21)
Балансираното сечило ќе остане хоризонтално. Ако
сечилото не е балансирано, потешкиот крај ќе се сврти
надолу. Острете го потешкиот крај додека сечилото не
стане балансирано. (Сл. 22) За да го извадите
сечилото (2), одвртете ја завртката за сечилото (3).
(Сл. 23, Сл. 24, Сл. 25)
Проверете ја состојбата на вентилаторот (1) и
заменете ги сите делови што се оштетени. (Сл. 23)
246
Кога повторно го склопувате алатот, осигурете се
рабовите за сечење да се свртени во насока на
вртење на моторот. Завртката за сечилото (3) мора да
се стегне до вртежен момент од 20-25 Nm.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При
сервисирање, заменете го
сечилото само со: DOLMAR
263001422 (за EM-330) и
DOLMAR 263001414 (за
EM-370).
10. ПРОДОЛЖНИ КАБЛИ
Треба да користите само продолжни кабли за
употреба на отворено, од PVC или гумени кабли за
стандардна употреба со површина на напречен пресек
не помала од 1,0 мм
2
.
Пред употреба, проверете дали каблите за
напојување и продолжните кабли имаат знаци на
оштетување за време на користењето, и ако има
знаци на оштетување и дотраеност, откачете го
кабелот од изворот на електрична енергија. Ако
кабелот се оштети за време на работењето, веднаш
откачете го кабелот од изворот на електрична
енергија. НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО КАБЕЛОТ ПРЕД ДА ГО
ОТКАЧИТЕ ОД ИЗВОРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА
ЕНЕРГИЈА. Уредот не смее да се користи ако кабелот
е оштетен или дотраен. Држете го продолжниот кабел
подалеку од елементите за сечење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секогаш осигурувајте
отворите за вентилација да се чисти.
11. ОДРЖУВАЊЕ И ГРИЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секогаш пред да
изведувате одржување или чистење, откачувајте го
приклучокот од изворот на електрична енергија.
Не прскајте го уредот со вода. Навлегувањето на
водата може да ги уништи комбинираниот уред на
прекинувачот и електричниот мотор. Чистете го уредот
со крпа, рачна четка и сл.
Не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Потребна е стручна проверка, не вршете
прилагодувања самите, мора да контактирате
овластен сервисен центар на Dolmar.
a) ако косилката удри во предмет.
b) ако моторот нагло запира.
c) ако сечилото е свиткано (немојте да го
исправувате)!
d) ако оската на моторот е свиткана (немојте да ја
исправувате)!
e) ако доаѓа до краток спој кога ќе се поврзе кабелот.
f) ако запчаниците се оштетени.
g) ако V-појасот е неисправен.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Em-330

Table of Contents