Makita LC1230 Instruction Manual page 44

Metal cutting saw
Hide thumbs Also See for LC1230:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За да го отстраните сечилото, користете го
насадниот клуч за да ја ослободите шестоаголната
завртка што го држи централниот капак така што
ќе ја завртите налево. Подигнете ги штитникот за
сечилото и централниот капак.
Притиснете ја кочницата за оската за да го
заклучите вретеното и со насадниот клуч одвртете
ја шестоаголната навртка така што ќе ја завртите
налево. Потоа извадете ги шестоаголната завртка,
надворешната фланша и сечилото.
► Сл.10: 1. Шестоаголна завртка 2. Забравник на
вретеното 3. Насаден клуч
За да го монтирате сечилото, ставете ги
внатрешната фланша, сечилото од пилото,
надворешната фланша и шестоаголната завртка
на вретеното по тој редослед. Стегнете ја
шестоаголната завртка вртејќи ја надесно додека
ја притискате кочницата за оската. Вратете ги
штитникот за сечилото и централниот капак на
нивната првична положба. Потоа стегнете ја
шестоаголната навртка вртејќи ја надесно. Спуштете
го лостот за да бидете сигурни дека штитникот за
сечилото се движи правилно.
► Сл.11: 1. Сечило со карбидни запци
2. Шестоаголна завртка 3. Вретено
4. Внатрешна фланша 5. Надворешна
фланша
Обезбедување на работниот
материјал
ВНИМАНИЕ:
Секогаш поставувајте ја навртката на стегата
сосема во десно кога го прицврстувате
работниот материјал. Во спротивно, можно
е работниот материјал да не биде доволно
прицврстен. Тоа може да предизвика
исфрлање на работниот материјал или
оштетување на сечилото.
Кога ќе ја завртите рачката од стегата налево, а
потоа ќе ја свртите навртката на стегата налево,
стегата се ослободува од навоите од основата
и може брзо да се вади или да се става. За да
го прицврстите работниот материјал, туркајте ја
рачката од стегата додека плочата од стегата не
дојде во допир со работниот материјал. Завртете
ја навртката од стегата надесно, а потоа завртете
ја рачката од стегата надесно за безбедно да го
прицврстите работниот материјал.
► Сл.12: 1. Облога на стегата 2. Навртка на стегата
3. Рачка на стегата
Долгите работни материјали мораат да се потпрат
со незапалив материјал од секоја страна така што ќе
бидат на исто ниво со горниот дел од основата.
► Сл.13
РАБОТЕЊЕ
Сечење
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не обидувајте се да пресечете
работен материјал што е потенок од 2 мм,
освен цевка или работни материјали што не
можат добро да се прицврстат со стегата.
Парчето што се сече може да се заглави во
сечилото и да предизвика опасно искрење и/
или оштетување на карбидните запци. Можат
да се случат сериозни повреди.
Не применувајте преголем притисок на
рачката при сечењето. Преголемиот притисок
може да предизвика оптоварување на
моторот, намалена ефикасност при сечењето
и/или да ги оштети карбидните запци или
сечилото.
Премал притисок врз рачката може да
предизвика повеќе искри и пребрзо абење на
сечилото.
Не допирајте ги сечилото, материјалот или
струганиците веднаш по работата, затоа
што можат да бидат многу жешки и да Ви ја
изгорат кожата.
Ако сечилото запре за време на работата,
направи чуден звук или започне да вибрира,
веднаш исклучете го алатот. Заменете го
напукнатото или оштетеното сечило со ново.
Не сечете алуминиум, дрво, пластика, бетон,
цигли и сл.
Секогаш користете сечила за пили со
карбидни запци што одговараат за Вашата
работа. Користењето несоодветни сечила за
пили може да предизвика лошо сечење и/или
да претставува ризик за повреда.
Не отпуштајте ја неконтролираната глава
на пилата од целосно спуштена положба.
Неконтролираната глава на пилата може
да ве удри, а тоа ќе резултира со телесна
повреда.
Цврсто држете ја рачката. Стартувајте го алатот и
причекајте додека сечилото не ја достигне полната
брзина. Потоа полека спуштете ја рачката за да
го приближите сечилото до работниот материјал.
Кога сечилото ќе дојде во контакт со работниот
материјал, прво полека направете засек, а потоа
постепено притискајте како што положбата на
сечење станува стабилна. Притисокот на рачката
треба да го приспособите така што ќе предизвика
најмало искрење.
Кога ќе заврши сечењето, исклучете го алатот и
ПРИЧЕКАЈТЕ ДОДЕКА СЕЧИЛОТО НЕ ЗАПРЕ
ЦЕЛОСНО пред да ја вратите рачката во крајно
подигната положба. Ако рачката се подигне додека
сечилото си уште се врти, тоа може да го зафати
отсеченото парче и да предизвика опасно искрење
на струганиците. Кога сечете само дел од работниот
материјал, подигнете ја рачката додека сечилото
врти. Исклучувањето за време на сечењето може да
предизвика оштетување на карбидните запци кога
се во допир со работниот материјал.
44 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Lc1230n

Table of Contents