Makita LC1230 Instruction Manual page 42

Metal cutting saw
Hide thumbs Also See for LC1230:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
21. Надворешниот дијаметар на ножот за пила
мора да биде со назначениот капацитет.
Додатоците со неправилна големина не можат
соодветно да се заштитат или контролираат.
22. Големината на отворот на ножот за пила
и фланшите мора правилно да одговара
на вретеното на алатот. Ножот за пила и
фланшите со отвори што не соодветствуваат
на монтажната опрема на алатот ќе бидат
неурамнотежени, ќе вибрираат прекумерно и
може да предизвикаат губење контрола.
23. Номиналната брзина на додатокот мора
да биде барем еднаква со максималната
брзина означена на алатот.
24. Не користете ја пилата за сечење
метал освен за сечење мек челик или
не'рѓосувачки челик.
Дополнителни инструкции
1.
Никогаш не стојте врз пилата за сечење
метал. Превртувањето или ненамерниот
контакт со средствата за сечење може да
предизвика сериозна повреда.
2.
Никогаш не оставајте го електричниот
алат вклучен без надзор. Исклучете го
напојувањето. Не оставајте го алатот додека
не запре целосно.
Не работете со пилата ако не се поставени
3.
штитниците. Проверувајте дали штитникот
на сечилото е правилно затворен пред
секоја употреба. Не работете со пилата
ако штитникот на сечилото не се движи
слободно и не се затвора веднаш. Никогаш
немојте да го стегнувате или врзувате
штитникот на ножот во отворена положба.
4.
Држете ги рацете подалеку од патеката на
движење на ножот за пила. Избегнувајте
допир со сечило што врти слободно. Тоа
сè уште може да предизвика сериозна
повреда.
5.
Секогаш обезбедете ги сите подвижни
делови пред да го пренесувате
електричниот алат.
Пред работата, внимателно проверете
6.
дали на сечилото има пукнатини или
оштетувања. Ако е пукнат или оштетен,
заменете го ножот веднаш.
7.
Користете само фланши наменети за овој
алат.
Секогаш користете неоштетени фланши
8.
и завртка за прицврстување што се
со правилен дијаметар за сечилото.
Соодветните фланши го поддржуваат
тркалото и со тоа ја намалуваат можноста за
кршење на сечилото.
Осигурете блокадата на оската да
9.
е ослободена пред да го вклучите
електричниот алат.
10. Цврсто држете ја рачката. Имајте предвид
дека при стартување и запирање, пилата се
движи малку нагоре или надолу.
11.
Внимавајте сечилото да не го допира
работниот материјал пред да се вклучи
електричниот алат.
12. Пред да го користите електричниот алат
врз работниот материјал, оставете го да
поработи малку напразно. Проверете дали
има вибрации или осцилации што може
да укажуваат на лошо монтирање или
неизбалансирано сечило.
13. Ако забележите нешто абнормално, веднаш
запрете со работа.
14. Не обидувајте се да го блокирате
прекинувачот во положбата „ВКЛУЧЕНО".
15. Секогаш користете додатоци што се
препорачани во ова упатство. Користењето
несоодветни додатоци, како што се
абразивните тркала, може да предизвика
повреда.
16. Некои материјали содржат хемикалии што
може да бидат токсични. Избегнувајте
вдишување на правот и избегнувајте
контакт на правот со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
МЕСТЕЊЕ
Поставување на алатот
► Сл.1: 1. Кука
Кога алатот се испорачува од фабрика, рачката е
блокирана. Ослободете ја рачката од спуштената
положба така што малку ќе ја спуштите и ќе го
извадите синџирот од куката на рачката.
Прицврстете го алатот со две завртки на рамна
и стабилна подлога со користење на двете дупки
за завртки што се наоѓаат во основата на алатот.
Тоа ќе помогне да се спречи превртување и можна
повреда.
► Сл.2: 1. Завртка
42 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Lc1230n

Table of Contents