Makita 9237CB Instruction Manual page 30

Hide thumbs Also See for 9237CB:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
г) Бидете особено внимателни кога работите
на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте
скокање и завлекување на додатокот.
Аглите, острите рабови и отскокнувањето
можат да го заглават вртливиот додаток и да
предизвикаат губење контрола или повратен
удар.
д) Не ставајте сечила за длаборез или
назабени сечила. Таквите сечила често
предизвикуваат повратни удари и губење
контрола.
Посебни безбедносни предупредувања за
полирање:
а) Не дозволувајте ниту еден лабав дел од
перничето за полирање или негов додаток
да се вртат слободно. Отстранете ги или
отсечете ги сите лабави делови и конец.
Лабавите и вртливи делови што стрчат може да
ги заплеткаат вашите прсти или да го поткачат
работниот материјал.
Дополнителни безбедносни предупредувања:
16. Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
17. Проверете дали материјалот е добро
прицврстен.
18. Ако работното место е крајно жешко и
влажно или многу загадено со спроводлив
прав, користете прекинувач за краток спој
(30 mA) за безбедност на операторот.
19. Не користете го алатот ако материјалот
содржи азбест.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ
ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или
запознаеноста со производот (стекната
со подолга употреба) да ве наведе да не
се придржувате строго до безбедносните
правила за односниот производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето
на безбедносните правила наведени
во ова упатство може да предизвикаат
тешки телесни повреди.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка на
алатот проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Забравник на вретеното
► Сл.1: 1. Забравник на вретеното
ВНИМАНИЕ:
Не затегнувајте го забравникот кога
вретеното се движи. Алатот може да се
оштети.
Притиснете го забравникот за да спречите вртење
на вретеното кога ставате или вадите додатоци.
Вклучување
► Сл.2: 1. Копче за заклучување 2. Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите кабелот во
мрежата, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
Прекинувачот може да биде заклучен на
позицијата „ВКЛУЧЕНО" („ON") за поголема
удобност за лицето што ракува со алатот,
при подолготрајна употреба. Внимавајте
кога го заклучувате алатот во позицијата
„ВКЛУЧЕНО" („ON") и продолжете цврсто да
го држите алатот.
За да го стартувате алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот. Брзината на алатот се зголемува со
зголемување на притисокот на прекинувачот. Отпуштете
го прекинувачот за стартување за да запрете.
За континуирана работа, повлечете го прекинувачот
и потоа притиснете го копчето за блокирање.
За да го извадите алатот од блокираната положба, целосно
притиснете го копчето за стартување и потоа отпуштете го.
Бирач за прилагодување на
брзината
► Сл.3: 1. Бројченик за нагодување на брзината
Брзината на алатот може да се промени со вртење на
бирачот за прилагодување на брзината на даден број од 1
до 6 (во моментот кога прекинувачот е целосно повлечен).
Повисока брзина се постигнува кога бирачот е свртен
во насока на бројот 6. Пониска брзина се постигнува
кога бирачот е свртен во насока на бројот 1.
Погледнете ја табелата за соодносот помеѓу бројот на
нагодувањето на бирачот и приближната брзина на вртење.
Б
1
2
3
4
5
6
30 МАКЕДОНСКИ
.
(RPM)
а
-1
600
900
1.500
2.100
2.700
3.200

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents