Makita 9237CB Instruction Manual page 29

Hide thumbs Also See for 9237CB:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ЗА МАШИНАТА ЗА ПОЛИРАЊЕ
Општи безбедносни предупредувања за полирање:
Овој електричен алат е наменет да работи
1.
како алат за полирање. Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и технички податоци дадени со
овој електричен алат. Ако не се почитуваат
сите упатства наведени подолу, може да дојде
до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Не се препорачува да се врши брусење,
2.
стругање, четкање или сечење со овој
електричен алат. Операциите за кои овој
електричен алат не е наменет може да
предизвикат опасност и физички повреди.
Не користете додатоци што не се посебно одредени
3.
и препорачани од производителот на алатот. Тоа
што некој додаток може да се монтира на алатот не
значи дека работата со него ќе биде безбедна.
Номиналната брзина на додатокот мора
4.
да биде барем еднаква со максималната
брзина означена на алатот. Додатоци што се
вртат побрзо од номиналната брзина може да
се скршат и да се распрскаат.
Надворешниот пречник и дебелината
5.
на додатокот мора да се во рамките на
номалниот капацитет на алатот. Додатоци со
неправилна големина не можат соодветно да
се заштитат или контролираат.
6.
Монтажните додатоци со навој мора да
соодветствуваат на навојот на вретеното
на алатот. За додатоци што се монтираат
со фланши, дупчето за прицвстување на
додатокот мода да одговара на дијаметарот
на фланшата. Додатоците што не одговараат на
монтираниот хардвер на електричниот алат ќе
работаат вон рамнотежа, ќе вибрираат прекумерно
и може да предизвикаат губење на контролата.
Не користете оштетен додаток. Пред секоја
7.
употреба, проверете ги додатоците, како
што е подлошката, за пукнатини, кинење или
прекумерно абење. Ако електричниот алат
или додатокот ви падне, проверете дали има
оштетувања или ставете неоштетен додаток.
Откако ќе го проверите и ќе го наместите
додатокот, поставете се себеси и околните
лица подалеку од рамнината вртливиот
додаток и ракувајте со електричниот алат
при максимална неоптоварена брзина
една минута. Оштетени додатоци обично се
распаѓаат за време на овој пробен период.
Носете заштитна опрема. Зависно од
8.
примената, користете заштита за лицето,
безбедносни затемнети очила или заштитни
очила. Зависно од работата, носете маска
за прашина, ракавици и работна престилка
што може да сопре мали отпадоци од
брусење или стругање. Заштитата за очи
треба да сопира разлетан отпад произведен
од работата. Маската за прашина или
респираторот треба да можат да ги филтрираат
честичките што ги произведува вашата работа.
Подолга изложеност на голема бучава може да
предизвика оштетување на слухот.
Присутните лица треба да се на безбедна
9.
оддалеченост од работното подрачје.
Секој што влегува во работното подрачје
треба да носи заштитна опрема. Парчиња
од обработуваниот материјал или од скршен
додаток може да одлетаат и да предизвикаат
повреди надвор од непосредното работно
подрачје.
10. Поставете го кабелот подалеку од
вртливиот додаток. Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или повлече и
раката или дланката може да ви се повлечат во
вртливиот додаток.
Не одложувајте го алатот додека додатокот
11.
не сопре сосема. Вртливиот додаток може да
ја зафати површината и да го извлече алатот
од контрола.
12. Алатот не смее да е вклучен додека го
пренесувате. Случаен допир со вртливиот
додаток може да ви ја зафати облеката и да ве
повреди.
13. Редовно чистете ги отворите за
проветрување на алатот. Вентилаторот на
моторот привлекува прашина во куќиштето и
прекумерно насобирање метал во прав може
да предизвика опасност од струен удар.
14. Не ракувајте со алатот близу до запаливи
материјали. Искрите може да предизвикаат
пожар.
15. Не користете додатоци за коишто се
потребни течности за ладење. Користењето
вода или друга течност за ладење може да
предизвика струен удар.
Повратен удар - предупредувања
Повратен удар настанува при ненадејно
заглавување или поткачување на тркало,
подлошка, четка или некој друг додаток што се врти.
Заглавувањето или поткачувањето предизвикуваат
нагло запирање на вртливиот додаток што пак
предизвикува неконтролираниот алат да биде
насилно турнат во насока спротивна од насоката на
ротација кај спојот.
Повратен удар е резултат на злоупотреба и/или
неправилни работни процедури или услови, и може
да се избегне со преземање соодветни претпазни
мерки дадени подолу.
а) Цврсто држете го алатот и наместете
ги телото и раката така што ќе можат да
ги издржат силите од повратен удар.
Секогаш користете помошна рачка, ако ја
има, за максимална контрола при повратен
удар или торзиона реакција за време
на стартувањето. Операторот може да ги
контролира торзиските реакции и силите на
повратниот удар ако се преземат соодветни
предострожности.
б) Не ставајте ја раката близу до вртлив
додаток. Додатокот може да ви се одбие преку
раката.
в) Не поставувајте го телото во подрачјето
каде што алатот ќе се придвижи во случај
на повратен удар. Повратниот удар ќе го фрли
алатот во насока спротивна од движењето на
тркалото во точката на заглавување.
29 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents