Bosch Professional GBH 2-25 Original Instructions Manual page 172

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
172 | Македонски
Замена на алат, запчеста глава за дупчење
GBH 2-25 / GBH 2-26
Ставање на алатот за вметнување
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете запчеста глава за дупчење (17).
– Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење
(17), додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
– Клучот за затегнување на главата за дупчење ставете
го во соодветните отвори на запчестата глава за
дупчење (17) и рамномерно затегнете го алатот.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (11) во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење
(17) со помош на клучот за затегање на главата за
дупчење во правец спротивен на стрелките на
часовникот, додека не се извади алатот за
вметнување.
Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за
дупчење
GBH 2-25 F / GBH 2-26 F
Ставање на алатот за вметнување (види слика G)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатегнувачката заменлива глава за
дупчење (1).
– Држете го цврсто затезниот прстен (21) на
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење.
Отворете го прифатот за алат со вртење на предната
чаура (20) додека не дојде во позиција каде може да
се вметне алатот. Држете го цврсто затезниот прстен
(21) и вртете ја предната чаура (20) во правец на
стрелката, додека не слушнете дека е вклопена.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се
вклопува, а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура (20) во
правец спротивен на стрелката. Потоа може да се
затвори алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (11) во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување (види слика H)
– Држете го цврсто затезниот прстен (21) на
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење.
Отворете го прифатот за алат со вртење на предната
чаура (20) во правец на стрелката, додека не дојде во
позиција каде може да се извади алатот.
1 609 92A 80X | (01.07.2022)
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисување прав со GDE 16 Plus (опрема)
(види слика I)
За всисувањето прав потребно е GDE 16 Plus (опрема).
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Всисување прав со GDE 18V-26 D (опрема)
За всисувањето прав потребен е уред за всисување GDE
18V-26 D (опрема).
При употреба на GDE 18V-26 D почитувајте ги
напомените за неговата намена во соодветното упатство
за употреба.
Капаче за собирање прав (опрема)
(види слика J)
За лесно собирање прав без вшмукување потребно е
капаче за собирање прав (23).
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents