Philips Sonicare DiamondClean 300 Series Manual page 177

Hide thumbs Also See for Sonicare DiamondClean 300 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
1 За да ја испразните батеријата на полнење од преостанатото
полнење, отстранете ја рачката од полначот, вклучете ја Philips
Sonicare и оставете ја да работи додека не сопре. Повторувајте го
чекоров до моментот кога Philips Sonicare не се вклучува.
2 Отстранете ја и фрлете ја главата за четката. Покријте ја целата
површина на рачката со крпа или ткаенина (Сл. 19).
3 Држете го врвот на рачката со едната рака и удрете го куќиштето
на рачката околу 1 цм над долниот крај. Удрете силно со чекан на
сите четири страни за да се отстрани крајното капаче (Сл. 20).
Забелешка: можеби ќе треба да удирате на краевите неколкупати
за да ги одвоите внатрешните врски.
4 Отстранете го крајното капаче од рачката на четката за заби. Ако
крајното капаче не се отстрани лесно од куќиштето, повторувајте
го чекорот 3 додека не се отстрани (Сл. 21).
5 Држејќи ја рачката наопаку, притиснете го издадениот дел на
цврста површина. Ако внатрешните компоненти не се отстранат
лесно од куќиштето, повторувајте го чекорот 3 додека не се
отстранат (Сл. 22).
6 Извадете го гумениот капак (Сл. 23) на батеријата.
7 Турнете го шрафцигерот помеѓу батеријата и црната рамка на
дното од внатрешните компоненти. Потоа туркајте го шрафцигерот
подалеку од батеријата за да го одвоите дното на црната рамка
(Сл. 25).
8 Вметнете го шрафцигерот под долниот дел на батеријата и црната
рамка за да ја одвоите металната плочка што ја поврзува
батеријата со зелената печатена струјна плоча. Ова ќе го одвои
долниот крај на батеријата рамката (Сл. 24).
9 Фатете ја батеријата и извлечете ја од внатрешните компоненти за
да ја одвоите од втората метална плочка (Сл. 26) на батеријата.
Внимание: Внимавајте на острите рабови од плочките на
батеријата за да не ги повредите прстите.
10 Покријте ги контактите на батеријата со лента за да се спречи
електричен спој од преостанатиот полнеж на батеријата.
Батеријата на полнење сега може да се рециклира, а остатокот од
производот да се фрли соодветно (Сл. 27).
177
Македонски

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents