Philips Sonicare DiamondClean 300 Series Manual page 175

Hide thumbs Also See for Sonicare DiamondClean 300 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Полнење преку USB
1 Отстранете го USB-кабелот од приклучокот за патување и
вметнете го во USB порта. (Сл. 16)
- Користете го само ѕидниот USB-адаптер на Philips и доставениот
USB-кабел.
Користете само уреди што се одобрени од UL како алтернативен
метод на полнење на рачката од четката за заби во кутијата за
патување (т.е. компјутер одобрен од UL, USB-центар). Полначот не е
компатибилен со постари модели на Philips Sonicare.
Чистење
Забелешка: не чистете ги главата на четката, рачката, основата за
полнење или USB-кутијата за патување во машина за миење садови.
Чашата може да се чисти во машина за миење садови.
Рачка на четката за заби
1 Отстранете ја рачката на четката за заби и исплакнете ја областа
на металниот издаден дел со топла вода. Осигурете се дека ќе ги
отстраните сите траги од пастата за заби.
Забелешка: не туркајте го гуменото капаче врз металниот издаден
дел со остри објекти, бидејќи може да се оштети.
2 Избришете ја целата површина на рачката со влажна крпа.
Забелешка: не користете изопропил алкохол, оцет или белило за
чистење на рачката бидејќи може да ја променат нејзината боја.
Глава за четката
1 Исплакнете ги главата и влакната на четката по секое користење
(Сл. 18).
2 Отстранете ја главата на четката од рачката и плакнете го
конекторот на главата со топла вода најмалку еднаш неделно.
Основа за полнење
Користете влажна крпа за да ја избришете површината на основата
за полнење. Осигурете се дека сте ја отстраниле пастата за заби или
другите остатоци од површините.
175
Македонски

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents