Bosch PSB Easy Original Instructions Manual page 124

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 10
OBJ_BUCH-2935-001.book Page 124 Wednesday, September 28, 2016 12:51 PM
124 | Македонски
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Поставете го правецот на вртење (види слика K)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 6
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 7 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За дупчење и зашрафување на шрафови
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење 6 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење 6 на десно до крај.
Подесување на начинот на работа
Дупчење и одвртување
Поставете го прекинувачот 4 на ознаката
„Дупчење".
Ударно дупчење
Поставете го прекинувачот 4 на ознаката
„Ударно дупчење".
Прекинувачот 4 ќе се вклопи и може да се активира и
додека работи моторот.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
7 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 7 притиснете го копчето за
фиксирање 5.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 одн. доколку
тој е блокиран со копчето за фиксирање 5, кратко
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
7 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 7.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 7 се постигнуваат мал број на вртежи/удари.
Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи/удари.
1 609 92A 2LX | (28.9.16)
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот апарат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents