Bosch PSB Easy Original Instructions Manual page 123

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 10
OBJ_BUCH-2935-001.book Page 123 Wednesday, September 28, 2016 12:51 PM
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Дополнителна дршка (види слика A)
 Користете го вашиот електричен алат само со
помошна рачка 10.
 Пред да извршите било што, проверете дали е
зацврстена пеперутка-завртката 9. Губењето на
контролата може да доведе до повреди.
Завртете ја пеперутка-завртката 9 во правец спротивен од
стрелките на часовникот и вметнете ја помошната рачка
10 врз главата за дупчење на грлото на вретеното на
електричниот алат.
Можете да ја вртите помошната рачка 10, за безбедно и
неуморно да работите.
Свртете ја помошната рачка 10 во саканата позиција и
повторно затегнете ја пеперутка-завртката 9 во правец на
стрелките на часовникот.
Подесување на длабочина на дупчење (види слика B)
Со граничникот за длабочина 11 може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Притиснете го копчето за подесување на граничникот за
длабочина 8 и поставете го граничникот за длабочина во
помошната рачка 10.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина 11 мора
да покажува надолу.
Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен, да
одговара на растојанието на саканата длабочина на
дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот
за длабочина X.
Вшмукувач за прав
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Користете соодветен вшмукувач за прав за
материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Bosch Power Tools
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Замена на алатот
Брзозатезна глава за дупчење (PSB Easy)
(види слика C)
Држете ја цврсто задната чаура 2 на брзозатегачката глава
3 и свртете ја предната чаура 1 во правец , додека не се
вметне алатот. Вметнете го алатот.
Цврсто држете ја задната чаура 2 на брзозатегачката глава
3 и рачно затегнете ја предната чаура 1 во правец на
вртење .
Брзозатезна глава за дупчење (PSB Easy
слика D)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 7 не е
притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот
што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатезната глава за дупчење 3 со вртење
во правец , додека не се стави алатот. Вметнете го
алатот.
Чаурата на брзозатезната глава 3 свртете ја цврсто ја во
правец , додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата
автоматски се заклучува.
Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во
спротивен правец за да го извадите алатот.
Алати за зашрафување
При користење на битови за одвртувачот 15 секогаш
треба да користите универзален држач за битови 14.
Користете само битови што се соодветни на главата за
зашрафување.
Поставувајте го прекинувачот 4 „Дупчење/ударно
дупчење" секогаш на ознаката „Дупчење", доколку
одвртувате.
Менување на главата за дупчење
 Кај електричните апарати без заклучување на
вретеното за дупчење, главата за дупчење мора да
биде заменета од страна на овластена сервисна
служба за електрични апарати од Bosch.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена со
вртежен момент со затегање од 30–35 Nm.
Македонски | 123
+
) (види
1 609 92A 2LX | (28.9.16)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents