Специјални Функции - Samsung RS6 N Series User Manual

Free standing appliance
Hide thumbs Also See for RS6 N Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 146
Операции
Специјални функции
Фрижидерот содржи уреди кои се практични за корисникот од кои можете да извлечете придобивки.
Диспензер за вода/мраз (само кај одредени модели)
Со помош на диспензерот може да наточите вода со или без мраз.
Диспензерот за вода нуди 3 опции: изладена вода, мраз во коцки и издробен мраз. За да наточите изладена
вода, притиснете Water (Вода) на панелот на диспензерот. Ставете чаша за вода под диспензерот, а потоа
притиснете ја рачката на диспензерот.
За да добиете вода со мраз
ЗАБЕЛЕШКА
Диспензерот ќе запре со точењето доколку непрекинато ја држите рачката од диспензерот во траење од
1 минута. За да наточите повеќе вода, отпуштете ја и повторно притиснете ја рачката.
Проверете дали чашата е паралелна со диспензерот за да се спречи истекување на водата.
Ако не го користите диспензерот за вода 2-3 дена, добиената вода може да има чуден мирис и вкус. Ова не
значи дека системот е дефектен. Фрлете ги првите 1-2 чаши вода.
Апарат за правење мраз (само кај одредени модели)
Фрижидерот има вграден апарат за правење мраз што автоматски прави мраз за да можете да уживате во
филтрирана вода со мраз во коцки или издробен мраз.
Правење мраз
Откако ќе го инсталирате и ќе го вклучите фрижидерот, следете ги овие инструкции за да обезбедите правилно
правење мраз и кофата за мраз да биде постојано полна:
1. За оптимални перформанси, оставете го фрижидерот да работи 24 часа.
2. Исфрлете ги првите 4 до 6 коцки мраз во чаша.
3. Почекајте уште 8 часа и исфрлете уште 4 до 6 коцки мраз.
4. Потоа, почекајте уште 16 часа и исфрлете ја првата полна чаша мраз.
56 
Македонски
Untitled-32 56
1. Кога ќе биде овозможен апаратот за правење
мраз, притиснете Cubed Ice (Мраз во коцки) или
Crushed Ice (Издробен мраз) за да го изберете
видот на мраз.
2. Ставете чаша за вода под диспензерот, а потоа
притиснете ја рачката на диспензерот со
чашата. Од диспензерот ќе излезе мраз.
3. Притиснете Water (Вода) за да изберете вода.
4. Притиснете ја рачката на диспензерот со
чашата. Од диспензерот ќе излезе вода.
2018-04-06
5:32:04

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents