Безбедносни информации
• Цврсто вметнете ја приклучницата во ѕидниот приклучок. Не употребувајте
оштетена приклучница, оштетен кабел или лабав ѕиден приклучок.
- Тоа може да доведе до струен удар или пожар.
• Ако струјниот кабел е оштетен, веднаш повикајте ги производителот или еден од
претставниците на сервисниот центар да го заменат.
• Осигурувачот на фрижидерот мора да го заменат квалификуван техничар или
сервисна компанија.
- Во спротивно, може да дојде до струен удар или телесна повреда.
• При позиционирање на уредот, внимавајте да не го приклештите или оштетите
кабелот.
• Не ставајте продолжителни кабли со повеќе приклучоци или преносливи уреди за
напојување зад уредот.
Опомени при инсталација
ВНИМАНИЕ
• Оставете доволно простор околу фрижидерот и инсталирајте го на рамна
површина.
- Доколку фрижидерот не е поставен на рамна површина, ефикасноста на
ладењето и издржливоста може да се намалат.
- Не дозволувајте да се затнат отворите за вентилација во оградениот дел на
уредот или во монтажната конструкција.
• Оставете го уредот да стои 2 часа пред да ставате храна по инсталацијата и
вклучувањето.
• Препорачуваме квалификуван техничар или сервисна компанија да го инсталира
фрижидерот.
- Во спротивно, може да дојде до струен удар, пожар, експлозија, проблеми со
производот или повреда.
10
Македонски
Untitled-32 10
2018-04-06
5:31:55