Безбедносни Информации - Samsung RS6 N Series User Manual

Free standing appliance
Hide thumbs Also See for RS6 N Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 146
Безбедносни информации
• Пред да го користите новиот Samsung фрижидер, целосно прочитајте го
упатството за да се осигурате дека сте запознаени со тоа како безбедно и
ефективно да ракувате со карактеристиките и функциите на новиот уред.
• Овој уред не е наменет да го користат лица (вклучувајќи и деца) со намалени
физички, сензорски или ментални способности или лица без искуство и знаење,
освен ако се под надзор и имаат добиено упатства за користење на уредот од
страна на лицето коешто е одговорно за нивната безбедност.
• Уредот може да го користат деца постари од 8 години, како и лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени
лица, доколку бидат надгледувани или им се дадени упатства за користење на
апаратот на безбеден начин и доколку им се објаснат можните опасности.
Децата не смеат да си играат со уредот. Децата не смеат да го чистат и да го
одржуваат уредот без надзор.
• Предупредувањата и важните безбедносни совети во ова упатство не ги
покриваат сите можни услови и ситуации до коишто може да дојде.
Ваша одговорност е да применувате здрав разум, внимание и грижливост при
инсталирање, одржување и ракување со уредот.
• Поради тоа што следните упатства за ракување опфаќаат повеќе модели,
карактеристиките на фрижидерот може малку да се разликуваат од оние опишани
во ова упатство и може да не важат сите предупредувачките симболи. Доколку
имате прашања или недоумици, обратете се во најблискиот сервисен центар или
побарајте помош и информации на интернет на www.samsung.com.
• Како разладно средство се користат R-600a или R-134a. Проверете ја етикетата
на компресорот на задниот дел од уредот или етикетата со ознаката на типот во
внатрешноста на фрижидерот за да видите кое разладно средство се користи
во вашиот фрижидер. Ако овој производ содржи запалив гас (разладно средство
R-600a), контактирајте со локалните органи за да дознаете како безбедно да го
депонирате овој производ.
• За да избегнете создавање на запалива мешавина од гас и воздух во случај
на појава на протекување во колото на разладното средство, големината
на просторијата во којашто апаратот може да биде поставен зависи од
искористеното количество на разладно средство.
Untitled-32 3
Македонски 3 
2018-04-06
5:31:54

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents