Milwaukee AS-30 LAC Original Instructions Manual page 174

Hide thumbs Also See for AS-30 LAC:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
Auto-Clear
Апаратот е снабден со автоматски систем Auto-Clear за чистење
на филтерот. За време на работењето се врши автоматско
чистење на филтерот за постигнување на оптимален капацитет на
вшмукување.
При работење на апаратот со особено многу прашина или ако
капацитетот на вшмукување се намалува од друга причина, се
препорачува дополнително рачно чистење на филтерот.
• Исклучување на апаратот
• Со дланката затворете го отворот од млазницата или отворот за
цревото за вшмукување.
• Поставете го прекинувачот од апаратот на позиција „I" и оставете
ја правосмукалката да работи околу 10 секунди со затворен
отвор за цревото за вшмукување.
Ако капацитетот на вшмукување сеуште е намален и после тоа,
извадете го филтерот и маханички исчистете го или сменете го.
За одредено користење на апаратот, како што е вшмукување на
течности, се препорачува да се исклучи системот за автоматско
чистење на филтерот. За детали, погледнете во делот Вклучување
на машината.
Анти-статичко поврзување
Претпазливо
Апаратот е снабден со анти-статички систем за празнење на
статичкиот електрицитет, кој се формира при вшмукување на
прашина.
Анти-статичкиот систем се наоѓа во предната страна на горниот
дел од моторот и претставува заземјен проводник кон влезната
врска од резервоарот. За правилно функционирање на апаратот
се препорачува да се користи електроспроводно или анти-
статичко вшмукателно црево. При користење на опционална торба
за еднократна употреба, внимавајте таа да не и смета на
анти-статичката клема.
Филтер за ладен воздух
За да се заштитат електрониката и моторот, апаратот е снабден со
дифузор за ладен воздух. Дифузорот за ладен воздух треба
редовно да се чисти.
Во области со висока концентрација на фина прашина во околниот
воздух, се препорачува апаратот да биде снабден со
дополнителен кертриџ за филтрирање на ладниот воздух, за да не
се наталожи прашината во воздушните канали и во моторот.
Поврзете се со вашиот локален дистрибутер.
Претпазливо
Ако филтерот за ладен воздух е запушен со прашина, може да се
активира заштитниот прекинувач за преоптоварување на моторот.
Во тој случај исклучете го апаратот, исчистете го филтерот за
ладен воздух и оставете го апаратот да се излади околу 5 минути.
Влажно вшмукување
Претпазливо
Апаратот е снабден со пловак кој го исклучува протокот на воздух
низ апаратот, тогаш кога нивото на течност го постигне својот
максимум.
Во тој случај, исклучете го апаратот. Извлечете го приклучок и
испразнете го резервоарот. Вшмукувајте течности само тогаш кога
се поставени пловакот и филтерот.
Вшмукување на течности
• Не вшмукувајте запаливи течности.
• Пред вшмукување течности, секогаш вадете ја филтер торбата
или торбата за еднократна употреба и проверувајте дали
системот од пловакот правилно функционира.
• При формирање на пена, веднаш прекинете со работење и
испразнете го резервоарот.
• Редовно чистете го системот од пловакот и проверувајте го за
оштетувања.
Пред празнење на резервоарот, извлечете го приклучокот од
штекерот. Извадете го цревото од влезниот отвор. Отворете го
174
МАКЕДОНСКИ
414 879 - AS-30LAC.indd 174
414 879 - AS-30LAC.indd 174
затворачот врз предната страна од горниот дел од моторот, со
вадење на долниот дел. Отстранете го горниот дел на моторот од
резервоарот. После секое влажно вшмукување секогаш празнете
го резервоарот и чистете го, како и системот од пловакот.
Испразнете го резервоарот така што ќе го навалите наназад или
настрана. Истурете ја течноста во сад кој е поставен на дното.
Повторно поставете го горниот дел од моторот врз резервоарот.
Прицврстете го горниот дел од моторот со затворачот.
Наглите движења со апаратот можат погрешно да го активираат
системот од пловакот. Во тој случај исклучете го апаратот и
почекајте 3 секунди за да се смири системот. Потоа пуштете го
апаратот повторно да работи.
Вшмукување на суви материи
Претпазливо
Вшмукување на материи кои се штетни за околината.
Кога се вшмукуваат такви материи, тоа може да значи опасност за
околината.
• Внимателно исфрлувајте ги вшмуканите материи.
Пред празнење на суви вшмукани материи, извлечете го
приклучокот од штекерот. Отворете го затворачот врз предната
страна од горниот дел од моторот, со вадење на долниот дел.
Отстранете го горниот дел на моторот од резервоарот. Филтри:
Проверете ги филтрите. За да го исчистите филтерот, истесете го,
а потоа исчеткајте го или измиете го. Пред користење оставете го
да се исуши. Торба за прашина: Проверете до кој степен е полна.
Ако торбата е полна, сменете ја. Отстранете ја старата торба.
Нова торба се поставува така што го поставувате хартиениот дел
со гумената мембрана врз влезниот отвор од цревото. Осигурајте
се да ја притиснете гумената мембрана врз задебелувањето од
влезниот отвор.
После празнење: Повторно поставете го горниот дел од моторот
врз резервоарот и прицврстете го со затворачот. При суво
вшмукување, во апаратот секогаш треба да има филтер.
Капацитетот на вшмукување на апаратот зависи од големината и
квалитетот на филтерот и на торбата за прашина. Поради тоа
секогаш користете оригинални филтри и торби за прашина.
ПОСЛЕ КОРИСТЕЊЕ НА АПАРАТОТ
После користење
После вшмукување на опасна прашина, затворете го капакот од
доводот на влезот од цревото и исчистете ги внатрешните
површини од апаратот. Кога не се користи апаратот, секогаш
вадете го приклучокот од штекерот. Намотајте го кабелот така што
ќе започнете од кај апаратот. Кабелот за напојување може да се
намота околу горниот дел од моторот или околу резервоарот.
Некои варијанти од апаратот се снабдени со простор за
складирање на додатоци.
Транспорт
• Пред транспортирање на апаратот, сите затворачи треба да се
затворат.
• Не го навалувајте апаратот, ако во валканиот резервоар има
течност.
• Не користете кука од дигалка за кревање на апаратот.
• Не го кревајте апаратот за рачката.
Складирање
Претпазливо
Складирајте го апаратот на суво место, заштитено од дожд и
мрзнење. Овој апарат треба да се складира на затворено.
Складирање на додатоците
За транспорт во близина и складирање на додатоците, од
страните на апаратот има шини, на кои можат да се прицврстат
додатоците со помош на ленти и слично. Еластичната лента и
куката на задниот дел од апаратот се наменети за поставување на
цревото за вшмукување и кабелот за напојување. За инструкции,
погледнете го краткото упатство за употреба.
27.07.2017 11:15:38
27.07.2017 11:15:38

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents