Milwaukee AS-30 LAC Original Instructions Manual page 173

Hide thumbs Also See for AS-30 LAC:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
ОПАСНОСТ
Опасни материи.
Вшмукувањето на опасни
материи може да доведе до
тешки, дури и до смртоносни
повреди.
Со овој апарат не треба да се
вшмукуваат подолу наведените
материи:
вжештени материјали
(запалени цигари, вжештена
пепел и др.)
запаливи, експлозивни или
абразивни течности (на пр.
бензин, растворувачи,
киселини, бази и др.)
запалива, експлозивна прашина
(на пр. магнезиумска или
алуминиумска прашина и др.)
Резервни делови и додатоци
Претпазливо
Резервни делови и додатоци.
Користењето на неоргинални резервни делови и
додатоци може да ја наруши безбедноста на апаратот.
Користете само оригинални резервни делови и додатоци
од фирмата Milwaukee. Подолу се наведени резервните
делови кои се значајни за работната безбедност на
корисникот или за функционирање на апаратот:
Опис.
Плоснат филтер PTFE, 1 парче.
Филтер торба од неткаен
текстил, 5 парчиња.
Торба за еднократна употреба,
5 парчиња.
Филтер за воздух за ладење на
моторот, 1 парче.
Експлозивна или запалива атмосфера
Претпазливо
Овој апарат не е погоден за користење во експлозивна
или запалива атмосфера или во атмосфера, во која
испарливи течности или запаливи гасови или пареа
можат да креираат слична опасност.
УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ И РАБОТЕЊЕ
Претпазливо
Оштетување на апаратот од несоодветен мрежен напон.
Апаратот може да се оштети ако го поврзете кон
несоодветен мрежен напон.
414 879 - AS-30LAC.indd 173
414 879 - AS-30LAC.indd 173
Број на нарачка
4932 4596 87
4932 459689
4932 4596 90
4932 4596 88
• Обратете внимание дали напонот кој е наведен на
натписната табличка, одговара на напонот во струјното
коло.
Стартување и употреба на апаратот
Проверете дали е исклучен прекинувачот (на позиција
0). Проверете дали во апаратот се поставени соодветни
филтри. Потоа поврзете го цревото за вшмукување во
влезниот отвор, така што ќе го притиснете цревото во
отворот за да се фиксира. Потоа поврзете ги двете
цевки со рачката од цревото. Завртете ги цевките за да
се осигурате дали тие се цврсто поврзани. Врз цевката
поставете ја соодветната млазница. Одберете ја
млазницата според материјалот кој што треба да биде
вшмукуван. Ако апаратот се користи за вшмукување на
прашина во врска со апарати кои создаваат прашина,
крајот од цревото за вшмукување треба да се поврзе со
соодветен адаптер. Внимавајте подесувањето на
дијаметарот од цревото да одговара на постоечкиот
дијаметар од цревото. Вклучете го приклучокот во
соодветен штекер. Ставете го прекинувачот на позиција
1, за да го стартувате моторот.
Позиција на прекинувачот I:
Вклучување на апаратот
Позиција на прекинувачот
Исклучување на апаратот.
Утичница за постојана струја Позиција
на прекинувачот
автоматски режим за вклучување/
исклучување.
Позиција на прекинувачот I+
Исклучено: Вклучување на апаратот
со деактивирана функција за
автоматско чистење на филтерот
Позиција на прекинувачот I
Исклучено: Активирање на режим
Автоматско вклучување/исклучување
при деактивирана функција за
автоматско чистење на филтерот.
Регулирање на брзината со посебен
ротирачки прекинувач.
Автоматизација за вклучување/исклучување на
електрични инструменти*)
Претпазливо
Приклучок за додатоци.
Приклучок за додатоци е предвиден за дополнителни
електрични апарати, за повеќе информации погледете
во Технички податоци.
• Пред да поврзете дополнителен апарат,
правосмукалката и дополнителниот апарат треба да се
исклучени.
• Прочитајте го и придржувајте се кон упатството за
користење и упатствата за безбедност на
дополнителниот апарат.
Апаратот има вграден заземјен штекер. Таму може да се
поврзе надворешен дополнителен апарат. Кога
прекинувачот е на позиција, штекерот е под постојан
напон. т.е. апаратот може да се користи како продолжен
кабел.
Во позиција
правосмукалката може да се вклучува и
исклучува преку поврзаниот електричен инструмент. Во
тој случај прашината може да се вшмукува таму каде
што се појавува. Може да се поврзат само апарати кои
создаваат прашина и се дозволени за употреба.
Максималната дозволена потрушувачка на струја од
поврзаниот апарат е наведена во делот „Технички
податоци".
Пред да го поставите прекинувачот во позиција
треба да се осигурате дали е исклучен апаратот кој е
поврзан кон штекерот за додатоци.
МАКЕДОНСКИ
:
: Вклучување на
+
,
173
27.07.2017 11:15:37
27.07.2017 11:15:37

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents