Инсталирање На Плотната; Согласност Со Регулативи; Безбедносни Инструкции За Лицето Што Ќе Ја Врши Инсталацијата - Samsung C61RA Series User Manual

Ceramic glass hob
Hide thumbs Also See for C61RA Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 253
Инсталирање на плотната
Важно: Новиот уредот треба да се инсталира и да биде заземјен единствено од
страна на квалификуван персонал.
Ве молиме придржувајте се до овој совет. Гаранцијата нема да ги покрива
оштетувањата кои може да настанат заради неправилна инсталација.
Техничките податоци се дадени на крајот од ова упатство.
Согласност со регулативи
Овој уред е во согласност со следните стандарди:
• EN 60 335 - 1 и EN 60 335 - 2 - 6, кои се однесуваат на безбедноста при користењето во
домаќинствата и слични намени;
• EN 60350, или DIN 44546 / 44547 / 44548, кои се однесуваат на работните
карактеристики на електричните уреди за готвење, плотни, печки и скари за
домаќинствата;
• EN 55014 - 2;
• EN 55014;
• EN 61000 - 3 - 2; и
• EN 61000 - 3 - 3, кој се однесува на основните барања на електромагнетната
компатибилност (EMC).
Овој уред е во согласност со следните ЕУ директиви:
• 73 / 23 / EWG со датум 19.02.1973 (директива за низок напон);
• 89 / 336 / EWG со датум 03.05.1989 (EMC директива вклучувајќи го и
• 93 / 68 / EWG CE директива за означување.
Безбедносни инструкции за лицето што ќе ја врши инсталацијата
• Во електричната шема мора да има склопка која овозможува исклучување на уредот
од напојувањето на сите фази со отвор на допир од најмалку 3 mm. Меѓу погодните
елементи за изолација спаѓаат уредите за прекинување на текот, осигурувачи
(осигурувачите со завртување треба да се отстранат од куќиштето), уреди за
одведување кон заземјувањето и контактори.
• Во поглед на заштитата од пожар, овој уред е во согласност со EN 60 335 - 2 - 6. Овој
тип на уред може да се инсталира со присуство на висок орман или ѕид на едната
страна.
• Под плотната не смеат да се поставуваат фиоки.
• Инсталацијата мора да гарантира заштита од струен удар.
• Елементот за кујна во кој ќе се смести уредот мора да ги задоволува барањата за
стабилност од DIN 68930.
• Заради заштита од влага, сите исечени површини треба да се залепат со соодветно
средство.
• На работните површини со плочки, отворите на рабовите околу плотната мора да бидат
исполнети со специјално средство.
• Кај работните плочи од природен и вештачки камен или керамика, пружините за
вградување мора да се прицврстат со соодветен кит или мешано лепило.
• Средството за пополнување на рабовите од работната површина треба да биде
исправно поставено и не треба да има отвори.
Не смее да се додава дополнително силиконско средство; ова би го отежнало вадењето
доколку уредот треба да се поправа.
• При вадењето, плотната мора да се турне од долната страна.
C61R2AEEP_BOL_DG68-00125D-01_MK.indd 5
амандманот 92 / 31 / EWG); и
5
MK
26/11/2555 17:17:52

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

C61r2a seriesCtr464*b seriesCtr364*b series

Table of Contents