Bosch GAS 35 L SFC+ Original Instructions Manual page 170

Wet/dry vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for GAS 35 L SFC+:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
OBJ_BUCH-1702-003.book Page 170 Monday, September 29, 2014 2:58 PM
170 | Македонски
Ставање/вадење на вреќичката за
отпад/прав (Вшмукување на суви материјали)
(види слики E1–E2)
За вшмукување на суви материјали може да употребите
вреќичка за отпад 23 или вреќичка за прав (опрема). Со
тоа се олеснува складирањето на правта.
Напомена: Доколку користите хартиена филтер вреќичка
мора, при користење на платнена филтер вреќичка треба
да го исклучите полуавтоматското чистење на филтерот
(SFC+) (види „SFC+ деактивирање", страна 171).
Вметнување на вреќичката за отпад
– Отворете ги затворачите 9 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 8.
– Ставете ја вреќичката за отпад 23 со отворот за
полнење нанапред во контејнерот 1.
– Навлечете го отворот за полнење на приклучната
прирабница до крај.
– Проверете дали вреќичката за отпад 23 целосно лежи
на внатрешните ѕидови на контејнерот 1 .
– Наместете го остатокот од вреќичката за отпад 23 над
површината на контејнерот 1.
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 8 и
затворете ги затворачите 9.
Извадете ја вреќичката за отпад и затворете
– Отворете ги затворачите 9 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 8.
– Извлечете ја полната вреќичка за отпад 23 од
приклучната прирабница наназад.
– Внимателно извадете ја вреќичката за отпад 23, без да
ја оштетите, од вшмукувачот.
Внимавајте на тоа, вреќичката за отпад да не стрчи на
приклучната прирабница или на другите остри
предмети.
– Извлечете го поклопецот со лепливи ленти и залепете ја
вреќичката за отпад.
Потоа прикачете ја вреќичката за отпад 23 под отворот
за полнење со извадениот поклопец со лепливи ленти.
Менување/вметнување на вреќичката за прав
(опрема)
– Отворете ги затворачите 9 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 8.
– Извлечете ја полната вреќичка за прав од приклучната
прирабница наназад. Затворете го отворот на
вреќичката за прав со затворање на капакот. Извадете
ја затворената вреќичка за прав од вшмукувачот.
– Наместете ја новата вреќичка за прав на приклучната
прирабница на вшмукувачот. Проверете дали
вреќичката за прав по целата должина налегнува на
внатрешниот ѕид од контејнерот 1 .
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 8 и
затворете ги затворачите 9.
1 609 92A 0XC | (29.9.14)
Местење на гумената лента
(Вшмукување на влажни материјали)
(види слика F)
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа
на прав L) е утврдено само за вшмукување на суви
материјали.
– Извадете ги четките 27 со соодветен алат од подната
млазница 28.
– Поставете ја гумената лента 26 во подната млазница
28.
Напомена: Структурираната страна на гумената лента
мора да покажува нанадвор.
Прикачување на L-Boxx (види слика G)
За транспорт на вшмукувачот и за заштеда на простор при
складирање на опремата на вшмукувачот и/или
електричниот апарат, може да прикачите L-Boxx на
горниот дел од вшмукувачот.
– Прикачете ја L-Boxx на држачите 7.
 Не го носете вшмукувачот на рачката за носење на
прикачената L-Boxx. Вшмукувачот е претежок за
рачките за носење на L-Boxx. Постои опасност од
повреда и оштетување.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
вшмукувачот. Електричните уреди означени со
230 V исто така може да се користат на 220 V.
 Ве молиме информирајте се за важечките
одредби/закони во вашата земја во врска со
постапувањето со честички прав што се штетни по
здравјето.
Вшмукувачот може да се користи за вшмукување и
издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m
Во основа, вшмукувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.
За да се овозможи оптимален капацитет на вшмукување,
мора целосно да го одвиткате цревото за вшмукување 21
од горниот дел на вшмукувачот 8.
Вшмукување на суви материјали
Вшмукување на наталожена прав
– За да го вклучите, вшмукувачот,
прекинувачот за избор на начин на работа 5
поставете го на ознаката „Вшмукување".
– За да го исклучите, вшмукувачот,
прекинувачот за избор на начин на работа 5
поставете го на ознаката „Исклучување".
3
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents