Philips 5000 Series Manual page 124

Hide thumbs Also See for 5000 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
124
Користење на уредот
Ограничувања на користењето
-
Користете го резервоарот за вода само на цврсти подови чиј горен дел е водоотпорен (како линолеум, емајлирани плочки и лакиран
паркет) и камени подови (како мермер). ако вашиот под не е третиран за да биде водоотпорен, проверете кај производителот дали
смеете да користите вода за негово чистење. Не користете го резервоарот за вода на цврсти подови чијшто водоотпорен горен слој е
оштетен.
-
Користете го резервоарот за вода само на подови од линолеум што се соодветно фиксирани за да се спречи вовлекување на
линолеумот во млазницата за бришење.
-
Не користете го резервоарот за вода за чистење теписи.
-
Не поместувајте го уредот странично кога е прикачен резервоарот за вода, бидејќи ова ќе остави водени траги. Поместувајте го само
нанапред и наназад.
Забелешка: Работното време зависи од нивото на моќност што се користи за време на чистењето.
Влошка за бришење и лента за навлажнување
Уредот доаѓа со три ленти за навлажнување и една влошка за бришење од микрофибер. Кога резервоарот за вода, лентата за
навлажнување и микрофибер влошката за бришење се прикачени на стандардната млазница за под, може да чистите цврсти подови.
Користење течно средство за чистење подови во резервоарот за вода
Ако сакате да додадете течно средство за чистење подови во водата во резервоарот за вода, користете го средството за чистење подови
Philips XV1792. Со оглед на тоа што резервоарот за вода има капацитет од 200 ml, треба да додадете само неколку капки од течното
средство за чистење подови во водата.
-
Секогаш отстранувајте ја батеријата и/или исклучете го уредот пред да се изведува одржување на уредот.
Чистење и празнење на резервоарот за вода
Погледнете ги и упатствата во упатството за употреба.
За да го исчистите резервоарот за вода, измешајте еден дел оцет со три дела вода. Ставете ја смесата во резервоарот за вода и затворете го
капакот. Тресете го резервоарот за вода и ставете го на водоотпорна површина. Оставете ја смесата од вода и оцет во резервоарот за вода
преку ноќ. Потоа испразнете го резервоарот за вода, исплакнете го темелно со свежа вода и користете го повторно како и нормално.
Внимание: Вода ќе истекува од резервоарот за вода за време на чистењето, со и без лентите за навлажнување.
За да го испразните резервоарот за вода, држете го над мијалник, отстранете го капакот и навалете го на страната со отворот за полнење.
Потоа превртете го резервоарот за вода наопаку за да истече водата во мијалникот. Отстранете ја преостанатата вода од резервоарот за
вода, свртете го на неговата долга страна со отворот за полнење насочен кон мијалникот. Потоа навалете го резервоарот за вода нанапред
за да истече преостанатата вода од него.
Забелешка: секогаш складирајте го резервоарот за вода со отстранет капак од отворот за полнење.
Забелешка: Немојте да го прикачувате резервоарот за вода со млазницата кога го бесите уредот на ѕидниот држач.
Замена
За да купите додатоци или резервни делови, одете на www.philips.com/parts-and-accessories или кај дистрибутер на Philips. Исто така можете
да се јавите во центарот за грижа на корисници на Philips во вашата земја.
Резервни делови и број на типови:
-
Резервна крпа XV1630
-
Резервен филтер XV1651
-
Пакет литиум јонски батерии 25.2 V XV1653
Менувајте ги крпата и филтерот на секои 6 месеци за да се осигури максимално функционирање.
Забелешка: Можете да ги фрлите стариот филтер и четките од микрофибер во нормалниот отпад од домаќинството.
Гаранција и поддршка
Versuni нуди двегодишна гаранција за овој производ по купувањето. Оваа гаранција престанува да важи ако дефектот се должи на
неправилно користење или несоодветно одржување. Нашата гаранција не влијае на вашите законски права како потрошувач. За повеќе
информации или за користење на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Рециклирање
-
Овој симбол означува дека електричните производи и батерии не треба да се фрлаат во обичниот отпад од домаќинствата (Сл. 4).
-
Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и батерии.
-
Овој симбол означува дека е неопходно да се проверат одредбите за рециклирање на вашата општина (Сл. 5).
-
Објаснувањата на симболите за материјали се наоѓаат на приложениот лист.
Отстранување на батериите на полнење
Отстранете ги батериите на полнење од производот кога ќе го фрлате производот. Пред да ја отстранувате батеријата, проверете дали
уредот е исклучен од ѕидниот штекер и дали батеријата е целосно празна.
Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога ги фрлате батериите.
За отстранување на батеријата на полнење, следете ги упатствата подолу.
1
Исклучете го уредот од ѕидниот штекер и оставете го да работи сѐ додека моторот не сопре.
2
Притиснете го копчето за отклучување и извлечете ја батеријата од уредот.
Работно време
Режим
Користење на рачната правосмукалка во режимот Турбо
Користење на рачната правосмукалка во режимот Normal
Користење на рачната правосмукалка во режимот Еко
Работно време
До 15 минути
До 27 минути
До 60 минути

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Xc504 seriesXc514 series

Table of Contents