Makita 9741 Instruction Manual page 20

Wheel sander
Hide thumbs Also See for 9741:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА:
Излезното вретено има лев навој.
За да го монтирате тркалото, следете ја постапката
за отстранување по обратен редослед. Кога го
монтирате, осигурете се да ги порамните разделките
на тркалото со игличките на вретеното.
► Сл.4: 1. Жлеб 2. Тркало 3. Вретено 4. Чивија
Поврзување торба за прашина
► Сл.5: 1. Отвор за прашина 2. Покривна плоча
3. Спојка
Ако користите торба за прашина, шмирглањето ќе
биде чисто, а собирањето на прашина едноставно.
За да поврзите торба со прашина, отворете го
отворот за прашина со лизање на капакот нагоре и
во правец на стрелките на часовникот. Прикачете
ја спојката на отворот за прашина. Сега, торбата за
прашина може да се поврзе на овој алат.
ВНИМАНИЕ:
Кога не се користи торба за прашина,
затворете го отворот за прашина со капакот.
РАБОТЕЊЕ
► Сл.6: 1. Дршка 2. Рачка
Држете го цврсто алатот со двете раце на рачката и
предната дршка. Поставете го алатот на работниот
материјал и движете го нежно нанапред и наназад
додека применувате мал притисок надолу.
ВНИМАНИЕ:
Алатот не треба да биде во контакт со
површината на работниот материјал кога
го вклучувате или исклучувате алатот.
Може да дојде до оштетување на алатот
или површината на работниот материјал, и
повреда на операторот.
Применете само мал притисок надолу.
Прекумерниот притисок може да ја намали
ефикасноста на алатот, да го скрати
работниот век на тркалото и да ја вдлабне
површината на работниот материјал.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен
од струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Замена на јагленските четкички
► Сл.7: 1. Гранична ознака
Редовно вадете ги и проверувајте ги јагленските
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до
граничната ознака. Одржувајте ги четкичките
чисти за да влегуваат во држачите непречено.
Двете јагленски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични јагленски
четкички.
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со одвртка. Извадете ги истрошените јагленски
честички, ставете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите.
► Сл.8: 1. Одвртка 2. Капаче на држач на четкичка
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат
за користење со алатот од Makita дефиниран
во упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Тркало со најлонска четка
Тркало со шмиргла 120 - 40
Тркало со жичана четка 120
Тркало со памучна подлошка за полирање 120
Спојка
Имбус клуч
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може
да се разликува од земја до земја.
20 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents