Philips GC6700 Series User Manual page 107

Hide thumbs Also See for GC6700 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 5
Македонски
108
Пеглата на пареа може да ја користите во вертикална положба за да ги отстраните наборите од
ткаенините поставени на закачалка.
1 Држете ја пеглата во вертикална положба, притиснете го копчето за пареа и нежно допрете ја
облеката со грејната плоча, па движете ја пеглата нагоре и надолу (сл. 9).
Автоматско исклучување
-
Апаратот преминува во режим на подготвеност ако не се користи 15 минути. Индикаторот
„пеглата е подготвена" почнува да трепка.
-
За повторно да го активирате апаратот, притиснете го копчето за пареа. Апаратот повторно
почнува да се загрева.
-
Апаратот автоматски се исклучува ако не се користи уште 10 минути откако ќе премине во
режимот на подготвеност. Индикаторот „пеглата е подготвена" се исклучува.
Предупредување: никогаш не оставајте го апаратот без надзор кога е приклучен на
електричната мрежа. Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето.
Чистење и одржување
Систем Smart Calc-Clean
Апаратот користи систем Smart Calc-Clean што овозможува редовно отстранување бигор и чистење.
Тоа помага во одржувањето силен млаз на пареа и спречува излегување на нечистотии и дамки од
грејната плоча со текот на времето. Апаратот редовно дава потсетници за да се изврши постапката за
чистење.
Звучен и светлосен потсетник за Calc-Clean
По 1 до 3 месеци користење, индикаторот Calc-Clean ќе почне да трепка и апаратот ќе почне да дава
звучен сигнал, што укажува на тоа дека е потребно да ја извршите постапката Calc-Clean (сл. 10).
Освен тоа, вграден е и втор систем за заштита на апаратот од бигор: функцијата за пареа се
оневозможува ако не се изврши отстранувањето бигор (сл. 11). Откако ќе се изврши отстранувањето
бигор, функцијата за пареа повторно ќе се овозможи. Ова се врши без оглед на типот вода што се
користи.
Забелешка: постапката Calc-Clean може да се изврши во секое време, дури и ако сè уште не се
активирал звучниот и светлосен потсетник.
Извршување на постапката Calc-Clean со садот Calc-Clean
Предупредување: не оставајте го апаратот без надзор во текот на постапката Calc-Clean.
Внимание: секогаш извршувајте ја постапката Calc-Clean со садот Calc-Clean. Немојте да ја
прекинувате постапката со подигнување на пеглата од садот Calc-Clean, бидејќи од грејната
плоча ќе излезе врела вода и пареа.
1 Наполнете го резервоарот за вода до половина (сл. 12).
Забелешка: апаратот мора да биде приклучен во напојување и ВКЛУЧЕН при постапката Calc-
Clean.
2 Поставете го садот Calc-Clean на штицата за пеглање или на друга рамна и стабилна површина
(сл. 13).
3 Поставете ја пеглата стабилно на садот Calc-Clean (сл. 14).
4 Притиснете го копчето CALC-CLEAN и задржете го 2 секунди сè додека не слушнете кратки звучни
сигнали (сл. 15).

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gc6709/20

Table of Contents