Philips GC6700 Series User Manual page 105

Hide thumbs Also See for GC6700 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 5
Македонски
106
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да целосно ја искористите поддршката
која ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење, брошурата со важни информации и водичот за
брз почеток пред да го користите апаратот. Зачувајте ги за идни потреби.
Преглед на производот (сл. 1)
1 Грејна плоча
2 Индикатор „пеглата е подготвена"
3 Копче CALC-CLEAN со индикатор
4 Копче за пареа/дополнителна количина на пареа
5 Регулатор за температура
6 Црево за довод на вода
7 Потпирач за поставување во исправена положба
8 Вратичка за полнење на резервоарот за вода
9 Копче за отпуштање на бравата за носење (само серијата GC6730, GC6740)
10 Подножје за пеглата
11 Прекинувач за вклучување/исклучување
12 Кабел за напојување со приклучок
13 Преграда за чување на цревото за довод на вода и на кабелот за напојување
14 Сад Smart Calc-Clean
Ексклузивна технологија од Philips
Компактна технологија ProVelocity
Оваа технологија овозможува континуирано испуштање пареа што продира длабоко за
лесно отстранување на наборите. Исто така, таа го прави апаратот покомпактен и полесен од
традиционалните генератори за пареа за полесно складирање.
Подготовка за употреба
Тип вода што треба да ја користите
Овој апарат е предвиден да се користи со вода од чешма. Меѓутоа, ако живеете во подрачје со тврда
вода, може да дојде до брзо таложење на бигор. Затоа се препорачува користење на дестилирана
или деминерализирана вода за да се продолжи векот на траење на апаратот.
Предупредување: не користете парфимирана вода, вода од машина за сушење алишта, оцет,
штирак, средства за отстранување бигор, адитиви за пеглање, вода која е хемиски исчистена
од бигор или други хемикалии, затоа што може да предизвикаат нагло исфрлување на вода,
појава на кафени дамки или оштетување на апаратот.
Полнење на резервоарот за вода
Наполнете го резервоарот за вода пред секое користење или кога нивото на вода во резервоарот ќе
се спушти под минималното ниво. Резервоарот за вода можете да го дополните во секое време при
користењето.
1 Отворете ја вратичката за полнење на резервоарот за вода (сл. 2).
2 Наполнете го резервоарот за вода до ознаката MAX (сл. 3).
3 Затворете ја вратичката за полнење на резервоарот за вода (да се слушне „клик").

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gc6709/20

Table of Contents