Skil 1841 Original Instructions Manual page 110

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА ФРЕЗИ
ОПШТИ
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Обезбедете се алатот да е исклучен од струја пред
да вршите било какво подесување или замена на
приборот
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
Не користете оштетени или деформирани бургии за
фрезата
Користете само остри бургии за фрези
Заштитете го приборот од потреси, удари и масни
површини
Користете само бургии од висококвалитетен челик
(HSS) или со карбиден врв (CT) со овој алат
ПРЕД УПОТРЕБА
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Користете стегачи или друг практичен начин за
да го обезбедите и потпрете парчето за работа
на стабилна платформа (парчето за работа е
нестабилно ако го држите парчето со рака или
потпрено на телото со што може да ја загубите
контролата)
Немојте да го прицврстувате електричниот алат во
менгеме
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Проверете дали алатот е исклучен кога го
приклучувате во приклучокот
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Држете го алатот под напон за изолираните
површини на држење бидејќи сечивото може
да го пресече кабелот (ако се пресече жица под
напон, металните делови на алатот се исто така под
напон и може да предизвикаат електричен шок за
работникот)
Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
Никогаш не користете го алатот кога кабелот или
основната потпора Q 2 (=заштитниот штитник) се
оштетени. Нека ги замени квалификувано лице
Држете ги рацете и прстите подалеку од бургијата на
фрезата кога е вклучен алатот
Никогаш не надминувајте ја максималната
длабочина за бургијата на фрезата додека сечете
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
Веднаш исклучете го алатот ако бургијата на фрезата
се блокира што ќе доведе до затресување на алатот
Веднаш исклучете го алатот ако снема струја или ако
приклучокот несакајќи се извлече од штекерот за да
спречите неконтролирано повторно вклучување
Не применувајте премногу сила врз алатот со што ќе
предизвикате комплетно застанување
ПО УПОТРЕБА
Кога ќе завршите со работа, разлабавете ја рачката
H 2 , однесете го алатот назад кон горната почетна
позиција и исклучете го алатот
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
Поставување/вадење на бургиите на фрезата 6
! исклучете го алатот и извлечете го од
приклучокот
! проверете дали вратилото за бургијата е
совршено чисто
! проверете дали големината на стегата (6 мм,
6,35 мм, 8 мм) соодветствува со големината на
вратилото за бургијата на фрезата
- свртете го алатот наопаку
- заклучете го вратилото со притискање на
држачот A (свртете ја навртката на стегата B ако е
неопходно) и држете ја
110

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

1841 aa

Table of Contents