Makita MW001GZ Instruction Manual page 240

Cordless microwave
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
23. Содржината на шишињата за хранење и
теглите со храна за бебиња треба да се
промешува или протресува и да се провери
температурата пред консумирање за да се
избегнат изгореници.
24. Јајца во нивната лушпа и цели тврдо
варени јајца не смеат да се загреваат во
микробранова печка бидејќи може да
експлодираат, дури и по завршувањето на
загревањето во микробранова печка.
25. Не ставајте запаливи и согорливи материи
во близина на апаратот.
26. За време на работењето на апаратот,
внимавајте на состојбата на готвење на
микробрановата печка во секое време.
Поставете го точното време за готвење.
Прекувременото готвење може да предизвика
пожар.
27. При процесот на готвење лесна храна
со помала содржина на вода, поради
различниот капацитет на апсорпција
на микробрановата печка на различни
супстанции, може да има нерамномерни
ладни и топли делови во храната. Ова е
нормална појава.
28. Малите количества храна или храната со
мала содржина на влага може да се исуши,
изгори или запали ако се прегрее.
29. Не сушете облека, весници или други
материјали во микробранова печка и не
користете весници или хартиени кеси за
готвење.
30. Отстранете ги жиците за затворање од
хартиените или пластичните кеси пред да ја
ставите кесата во микробрановата печка.
31. Не користете ја внатрешноста за
складирање. Не оставајте батерии,
производи од хартија, прибор за готвење
или храна во внатрешноста кога не ја
користите.
32. Греењето на пијалаците во микробранова
печка може да резултира со одложено
еруптивно вриење, затоа мора да се
внимава при ракување со садот.
33. Не користете остри алатки (како жица за
чистење, лопата, лажица итн.) за чистење на
внатрешноста.
34. Чистете ја заптивката на вратата,
внатрешноста и соседните делови.
Погледнете го делот за чистење за детали.
35. Ако апаратот не се одржува во чиста
состојба, може да дојде до уништување на
површината. Ова може негативно да влијае
на животниот век на апаратот и евентуално да
доведе до опасна ситуација.
36. Не користете раствор што ќе предизвика
корозија на површината на апаратот.
37. Апаратот не смее да се чисти со чистач на
пареа.
38. Кога ја фрлате во отпад касетата за
батеријата, извадете ја од алатот и
фрлете ја на безбедно место. Почитувајте
ги локалните законски прописи што
се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
39. Ако апаратот треба да се складира на
подолго време без да се користи, батериите
треба да се отстранат.
40. Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
41. Батериите што се полнат треба да се
извадат од уредот пред да се наполнат.
42. Батериите треба да се вметнуваат со
точниот поларитет.
43. Истрошените батерии треба да се извадат
од уредот и да се фрлат безбедно.
Безбедносни предупредувања за
уред што работи на батерии
Користење и грижа за уредот што
работи на батерии
1.
Спречете ненамерно стартување. Уверете се
дека прекинувачот е во исклучена положба
пред поврзување со батеријата, подигање
или носење на уредот. Носењето на уредот
со прстот на прекинувачот или приклучувањето
на уредот во извор на електрична енергија со
вклучен прекинувач се причина за несреќи.
Извадете ја батеријата од уредот пред
2.
вршење нагодувања, промена на
додатоци или складирање на уредот. Овие
превентивни безбедносни мерки го намалуваат
ризикот од случајно стартување на уредот.
3.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
4.
Користете уреди само со конкретно
наменета батерија. Користењето други
батерии може да создаде ризик од повреда или
пожар.
5.
Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
6.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течноста што истекла од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
Не користете батерии или уред што се
7.
оштетени или менувани. Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
Не изложувајте ги батериите или уредот
8.
на оган или прекумерна температура.
Изложеноста на оган или температура над
130 °C може да предизвика експлозија.
240 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Mw001g

Table of Contents