Bosch 06112A3000 Original Instructions Manual page 154

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 12
OBJ_BUCH-2718-002.book Page 154 Wednesday, April 13, 2016 4:17 PM
154 | Македонски
– Вметнете запчеста глава за дупчење 17 (види „Замена
на запчестата глава за дупчење", страна 153).
– Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење 17
додека не се отвори за да може да се стави алатот.
Вметнете го алатот.
– Клучот за затегање на главата за дупчење ставете го во
соодветните отвори на запчестата глава за дупчење 17
и затегнете го алатот.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
11 во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus
(GBH 2-26)
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење 17 со
помош на клучот за затегање на главата за дупчење во
правец спротивен на стрелките на часовникот, додека
не се извади алатот за вметнување.
Ставање на алат за вметнување без SDS-plus
(GBH 2-26 F) (види слика H)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатезната заменлива глава за дупчење
1.
– Држете го цврсто затезниот прстен 21 на брзозатезната
заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за
алат со вртење на предната чаура 20, додека не дојде
во позиција каде може да се вметне алатот. Цврсто
држете го затезниот прстен 21 и вртете ја предната
чаура 20 во правец на стрелката, додека не слушнете
дека е вклопена.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува,
а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура 20 во
правец спротивен на стрелката. Потоа може да се затвори
алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
11 во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus
(GBH 2-26 F) (види слика I)
– Држете го цврсто затезниот прстен 21 на брзозатезната
заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за
алат со вртење на предната чаура 20 во правец на
стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се
извади алатот.
Вшмукувач за прав (Опрема)
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
1 609 92A 1RM | (13.4.16)
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
За вшмукување на правта потребен ви е GDE 16 Plus
(опрема). (види слика J)
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Kапаче за собирање на прав (Опрема)
За лесно собирање на прав без вшмукување потребно е
капаче за собирање на прав. (види слика K)
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на начинот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи 11
изберете го начинот на работа на електричниот апарат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување 10 и свртете го прекинувачот
за запирање на удари/вртежи 11 во саканата позиција
додека не слушнете дека се вклопил.
Напомена: Променете го начинот на работа само доколку
електричниот апарат е исклучен! Инаку електричниот
апарат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон
или камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
зашрафување/одвртување
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gbh 2-26 fProfessional gbh 2-26

Table of Contents