Huawei SGA-B19 Quick Start Manual page 61

Hide thumbs Also See for SGA-B19:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 3
Ако амбиенталната температура е превисока, можно е безжичниот полнач да престане да работи. Ако тоа се случи, се препорачува да
престанете со безжичното полнење.
За да го одржувате безжичниот полнач во добра состојба, избегнувајте да го користите во возило.
Се препорачува надзор од возрасно лице ако овој производ го користат деца или доаѓаат во контакт со него.
Исклучете го безжичниот уред кога ќе се побара од вас додека сте во болници, клиники или други здравствени установи. Целта на овие
барања е да се спречи можна интерференција со чувствителна медицинска опрема.
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на помагалата за слушање или пејсмејкерите. Контактирајте со давателот на
услугата за повеќе информации.
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува растојание од најмалку 15 cm помеѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречи
потенцијална интерференција со пејсмејкерот.
Ако користите пејсмејкер, држете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не носете го уредот во предниот џеб.
Почитувајте ги локалните закони и прописи додека го користите уредот. За да го намалите ризикот од незгоди, не користете го
безжичниот уред додека возите.
За да спречите оштетување на деловите од уредот или внатрешните електрични кола, не користете го во прашлива, зачадена, влажна
или нечиста околина или во близина на магнетни полиња.
Не користете го, не складирајте го и не пренесувајте го уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви (на
бензинска пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од
експлозија или пожар.
Фрлете ги уредот, батеријата и додатоците според локалните прописи. Не треба да се фрлаат во нормалниот отпад од домаќинствата.
Неправилната употреба на батериите може да предизвика пожар, експлозија или други опасни ситуации.
Ако батеријата протече, внимавајте електролитот да не дојде во директен контакт со кожата или очите. Ако електролитот дојде во допир
со кожата или ви прсне во очите, веднаш исплакнете со чиста вода и консултирајте се со доктор.
Кога го полните уредот, уверете се дека адаптерот за напојување е вклучен во лесно достапен штекер во близина на уредот. Исклучете го
полначот од електричниот штекер и од уредот ако уредот не се користи долго време.
Безжичните уреди може да му пречат на системот за летање на авионите. Не користете го уредот на места каде што не е дозволено
користење безжични уреди според прописите на авиокомпанијата.
Исклучете го безжичниот уред секогаш кога ќе се побара од вас од персоналот на аеродромот или од екипажот во авионот. Консултирајте
се со персоналот на екипажот во авионот околу користењето безжични уреди во авионот, а ако вашиот уред има „авионски режим", тој
мора да биде овозможен пред да влезете во авионот.
Заштитете го уредот за носење и неговите додатоци од силен удар, силни вибрации, гребаници и остри предмети, бидејќи тие може да го
оштетат уредот.
Малку разлабавете го ремчето во текот на денот за да овозможите дишење на кожата. Ако почувствувате неудобност додека го носите
уредот за носење, извадете го уредот и оставете го зглобот да се одмори. Ако сѐ уште чувствувате неудобност, извадете го уредот за
носење и консултирајте се со доктор што е можно побрзо. Исто така, може да купите ремчиња направени од други материјали и со разни
дизајни од официјалната веб-локација на Huawei.
Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од IEC/EN 62368-1 и дека е тестиран и одобрен според националните
или локалните стандарди.
За да осигурите дека слушалките работат правилно и се удобни за носење, одржувајте ја чистотата на мрежата, врвовите и преградите.
Траењето на батеријата може да се разликува во зависност од разни фактори како што се поставките за уредот, каде уредот се користи и
се чува, како и кои карактеристики на слушалките се овозможени.
Користењето на слушалките со голема јачина на звукот може да ви го оштети слухот. За да спречите можно оштетување на слухот,
намалете ја јачината на звукот на безбедно и пријатно ниво.
Слушалките се мали. Притискањето или удирањето со примена на сила на слушалките може да ви ги оштети ушите, затоа внимавајте
кога спиете и кога учествувате во интензивни физички активности.
Ако се појави иритација на кожата додека ги носите слушалките, извадете ги и исчистете ги темелно пред да ги носите повторно. Ако
чистењето не ја реши иритацијата, не носете ги слушалките додека не се консултирате со лекар.
Овозможувањето на откажувањето на шумот може да влијае врз вашата свесност за околните звуци и предупредувања. Уверете се дека
се наоѓате во безбедна околина кога ја користите оваа функција.
Предупредување! Не е соодветно за деца помали од 3 години. Содржи мали делови. Проголтувањето мали делови може да претставува
опасност од задушување. Ако проголтате мали делови, веднаш побарајте медицинска помош.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Чувајте ги малите ќелии и батериите што може да се проголтаат надвор од дофат на деца.
Проголтувањето може да доведе до изгореници, перфорација на мекото ткиво и смрт. Тешки изгореници може да се појават во рок од 2
часа по проголтувањето.
Ако проголтате ќелија или батерија, веднаш побарајте медицинска помош.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот со пречкртана канта за ѓубре со тркала на производот, батеријата, литературата или амбалажата ве потсетува дека сите
електронски производи и батерии мора да се однесат во посебни места за собирање отпад по крајот на нивниот работен век. Тие не смеат
да се фрлаат во нормалниот отпад заедно со отпадот од домаќинствата. Корисникот е одговорен да ја фрли опремата на соодветно место
или кај служба за собирање за посебно рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема (WEEE) и батерии според локалните
закони.
Правилното собирање и рециклирање на опремата помага да се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема (ЕЕЕ) ќе
се рециклира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината. Неправилното ракување,
случајното кршење, оштетување и/или неправилното рециклирање на крајот од работниот век може да биде штетно за здравјето и
околината. За повеќе информации за тоа каде и како да го фрлате отпадот од електричната и електронската опрема, контактирајте со
локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://consumer.huawei.com/en/.
59

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

T0009

Table of Contents