Huawei SGA-B19 Quick Start Manual page 60

Hide thumbs Also See for SGA-B19:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 3
2 Затворете го капакот на часовникот.
Полнење на слушалките: ставете ги слушалките во часовникот и затворете го капакот на часовникот. Часовникот автоматски ќе ги полни
слушалките. Може да ги видите статусот на полнење на слушалките и нивото на батеријата на екранот на часовникот.
Внимавајте кога ги ставете слушалките во преградите. Применувањето преголема сила кога ги ставате може да го оштети
приклучокот за полнење.
Кога нивото на батеријата на часовникот е ниско, нема да може да ги полните слушалките. За да ги полните слушалките,
уверете се дека часовникот има доволно батерија.
Слушалките се полнат со користење на приклучоците за полнење во часовникот. Честото прицврстување и отстранување на
слушалките од капакот на часовникот може да предизвика појава на мали гребаници на слушалките и на преградите. Ова е
нормално и не влијае врз перформансите на слушалките.
Полнење
Порамнете го полначот со областа за полнење на задниот дел од уредот, па поврзете го кабелот со извор на напојување и почекајте нивото
на батеријата да се појави на екранот.
Уредот и неговите додатоци треба да бидат чисти и суви.
Мерки на претпазливост
Спречете навлегување на вода во уредот при миење на рацете.
Преградите за слушалките не се водоотпорни. Ако преградите за слушалките се наводенат, исушете ги веднаш со крпа или хартија.
Не користете го уредот во влажни места, на пример, кога се туширате или додека пливате или нуркате.
Добивање помош
Проверете во помошта за апликацијата Huawei Health на интернет за повеќе информации за поврзувањето и функциите, како и совети за
користење.
Авторски права © Huawei Device Co., Ltd. 2023. Сите права се задржани.
ОВОЈ ДОКУМЕНТ Е САМО ЗА ИНФОРМАТИВНИ ЦЕЛИ И НЕ ПРЕТСТАВУВА НИКАКВА ГАРАНЦИЈА.
Трговски марки и дозволи
Зборот-марка и логоата Bluetooth
од страна на Huawei Technologies Co., Ltd. е со лиценца. Huawei Device Co., Ltd. е подружница на Huawei Technologies Co., Ltd.
Другите наведени трговски марки, називи на производи, услуги и компании може да се во сопственост на нивните соодветни сопственици.
Политика за приватност
За да разберете подобро како ги штитиме вашите лични информации, погледнете ја политиката за приватност на https://
consumer.huawei.com/privacy-policy.
Работа и безбедност
Користењето неодобрен или некомпатибилен адаптер за напојување, полнач или батерија може да предизвика пожар, експлозија или
друга опасност.
За да спречите можно оштетување на слухот, не слушајте долго време со голема јачина на звукот.
Идеални температури: од 0°C до 35°C за работа, -20°C до +35°C за чување.
Чувајте ги уредот и батеријата подалеку од прекумерна топлина и директна сончева светлина. Не ставајте ги на уреди за затоплување или
во уреди за затоплување, како што се микробранови печки, шпорети или радијатори. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја
и не гмечете ја батеријата. Не ставајте туѓи тела во неа, не потопувајте ја во течности и не изложувајте ја на надворешна сила или
притисок бидејќи тоа може да предизвика истекување, прегревање и запалување, па дури и да експлодира.
Уредот има вградена батерија што не може да се отстрани. Не обидувајте се да ја отстраните батеријата, затоа што тоа може да го оштети
уредот.
Кога го полните уредот, уверете се дека адаптерот за напојување е вклучен во лесно достапен штекер во близина на уредот.
Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да определите дали работата на уредот може да влијае врз работата на
вашиот медицински уред.
Овој производ не е дизајниран да биде медицински уред и не е наменет за дијагностицирање, третман, лекување или спречување каква
било болест. Сите податоци и мерења треба да се користат само за информативна намена.
Ако забележите проблеми со кожата додека го носите уредот, извадете го и одете на доктор.
Не ставајте метални предмети врз површината на лежиштето за безжично полнење, бидејќи тоа може да предизвика загревање и дефект
на опремата. Користете само лежиште за безжично полнење во околини со амбиентална температура од 0°C до 35°C.
®
се регистрирани трговски марки во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на таквите марки
58

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

T0009

Table of Contents