Bosch Professional GCD 12 JL Original Instructions Manual page 192

Hide thumbs Also See for Professional GCD 12 JL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 17
192 | Македонски
Форма на делот што се
обработува
Минимални делови за обработка (= сите делови за
обработка , кои може да се зацврстат со лостот за
фиксирање 7 ): Должина 80 мм
макс. длабочина на резот (0°/0°): 115 мм
Отстранување на прав, струготини (види слика H)
Правта од материјалите како на пр. боја што содржи
олово, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички на метал важат како опасни, особено
во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или
хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Листот за пилата 31 може да се блокира поради прав,
струготини или скршени делови на делот што се
обработува во отворот на масата за пила 25.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Извлечете ја фиоката со струготини 24 и целосно
испразнете ја.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
уред.
Позиција на корисникот (види слика I)
 Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
1 609 92A 0XZ | (3.9.14)
Агол на косо сечење
45°
158 x 80
85 x 85
110 x 110
85 x 85
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот лист за пилата.
– Не ги прекрстувајте рацете пред рачката на апаратот.
Вклучување (види слика J)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување 17 и држете го притиснат.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 17 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Само со притискање на лостот за фиксирање 1 рачката на
апаратот може да се води надолу.
– За сечење дополнително мора да го притиснете лостот
за фиксирање со влечење на прекинувачот за
вклучување/исклучување 1.
Фин старт
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот
момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на
моторот.
Исклучување
– За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 17.
Сечење
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поставете го саканиот агол на косо сечење.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете го лостот за фиксирање 1 и рачката на
апаратот водете ја полека надолу со дршката 16.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Проверка на основните поставки и подесување
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот уред треба да биде приклучен на
напојување со струја.
 Никогаш не го активирајте прекинувачот за
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на апаратот). Невнимателниот старт на
електричниот апарат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents