Makita DGA411 Instruction Manual page 100

Cordless angle grinder
Hide thumbs Also See for DGA411:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Кога тркалото се лепи или кога сечењето
3.
се прекинува поради нешто, исклучете
го алатот и држете го неподвижен додека
тркалото не сопре целосно. Не обидувајте
се да го извадите тркалото за сечење од
резот додека тркалото се движи, инаку
може да дојде до повратен удар. Испитајте
и преземете мерки за отстранување на
причините за лепење на тркалото.
Не почнувајте со сечењето повторно
4.
додека тркалото е во работниот материјал.
Оставете тркалото да достигне максимална
брзина и внимателно влезете повторно
во резот. Тркалото може да се залепи, да
осцилира или да дојде до повратен удар ако
електричниот алат се активира повторно во
материјалот.
Прицврстете ги плочите или материјалите
5.
што се преголеми за да го намалите ризикот
од заглавување на тркалото и повратен
удар. Големите парчиња материјал обично
се виткаат од сопствената тежина. Држачите
треба да се стават под материјалот, близу до
линијата на сечење и до работ на материјалот
од двете страни на тркалото.
Бидете особено внимателни кога
6.
засекувате во постојни ѕидови или други
слепи подрачја. Тркалото, за време на
навлегувањето, може да исече водоводни или
цевки за плин, електрични инсталации или
предмети што може да предизвикаат повратен
удар.
Посебни безбедносни предупредувања за
шмирглање:
Не користете преголем диск со
1.
шмиргла. Почитувајте ги препораките на
производителот кога бирате шмиргла.
Поголема шмиргла што стрчи надвор од
подлогата за стругање е опасна бидејќи може
да ве расече, да предизвика заглавување,
кинење на дискот или повратен удар.
Посебни безбедносни предупредувања за
четкање со жица:
Имајте предвид дека се исфрлаат жичени
1.
влакненца од четката дури и при нормална
работа. Не напрегајте ги жиците со
прекумерен притисок на четката. Влакната
на жицата лесно може да пробијат лесна
облека или кожа.
Ако се препорачува користење штитник
2.
за четкање со жица, не дозволувајте
допир на жиченото тркало или четката со
штитникот. Жиченото тркало или четката може
да го зголемат пречникот поради работното
оптоварување и центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни предупредувања:
Кога користите брусни плочи со вдлабнато
1.
средиште, користете само тркала зајакнати
со армирано стакло.
НЕ КОРИСТЕТЕ испакнати тркала со оваа
2.
брусилка. Брусилката не е конструирана за
такви видови тркала и користењето такви
производи може да доведе до тешки повреди.
Внимавајте да не ги оштетите вретеното,
3.
фланшата (особено површината за
монтирање) или навртката за стегање.
Оштетувањето на тие делови може да
доведе до кршење на тркалото.
Внимавајте каменот да не го допира
4.
материјалот пред да се вклучи
прекинувачот.
Пред да го користите алатот врз работниот
5.
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Видете дали има вибрации или
осцилации што може да укажуваат на лошо
монтирање или неизбалансиран камен.
Користете ја назначената површина на
6.
каменот за да го изведете брусењето.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
7.
алатот само кога го држите в раце.
Не допирајте го материјалот веднаш по
8.
работата, може да е многу жежок и да ви ја
изгори кожата.
Почитувајте ги упатствата на
9.
производителот за правилно монтирање и
користење на камењата. Бидете внимателни
кога ракувате со камењата и кога ги
одложувате.
10. Не користете посебни редуцирачки лежишта
или адаптери за да ставате абразивни
тркала со голем отвор.
Користете само фланши наменети за овој
11.
алат.
12. За алатите на кои се ставаат тркала со
отвор со навои, внимавајте навојот во
тркалото да е доволно долг да ја прими
должината на вретеното.
13. Проверете дали материјалот е добро
прицврстен.
14. Внимавајте, тркалото продолжува да се
врти по исклучување на алатот.
15. Ако работното место е крајно жешко и
влажно или многу загадено со спроводлив
прав, користете прекинувач за краток спој
(30 mA) за безбедност на операторот.
16. Не користете го алатот ако материјалот
содржи азбест.
17. Кога користите тркало за сечење, секогаш
работете со штитникот за собирање прав
што го бараат домашните прописи.
18. Дискот за сечење не смее да се притиска
странично.
19. Не користете платнени работни ракавици
при работата. Текстилните влакна од
платнените ракавици може да навлезат во
алатот, што предизвикува кршење на алатот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
100 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents