Makita DFR551 Instruction Manual page 48

Cordless auto feed screwdriver
Hide thumbs Also See for DFR551:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Користење на отворот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го отворот за закачување
за непредвидена намена, на пример,
прицврстување на алатот на високо место.
Поднесување стрес во тешко оптоварен отвор
може да предизвика оштетувања на отворот, што
ќе резултира со повреди на вас или луѓето околу
или под вас.
► Сл.17: 1. Отвор за закачување
Користете го отворот за закачување во долниот
заден дел од алатот за да го закачите алатот на ѕид
со висечки кабел или слични конци.
РАБОТЕЊЕ
Завртување
ЗАБЕЛЕШКА:
Секогаш внимателно
проверувајте дали бургијата за одвртување
е изабена пред завртување. Заменете ја
изабената бургија за одвртување, инаку може да
дојде до слаби резултати на затегање.
ЗАБЕЛЕШКА:
Секогаш држете го алатот
директно на површината што се завртува.
Доколку го држите под агол, може да се оштетат
главите на шрафовите и да се предизвика абење
на бургијата за одвртување. Ова исто така може
да доведе до слабо затегање.
ЗАБЕЛЕШКА:
Секогаш држете го алатот
цврсто на површината што се завртува додека
завртувањето не заврши. Во спротивно, може да
се предизвика недоволно затегање на шрафовите.
ЗАБЕЛЕШКА:
Внимавајте да не завртите
шраф на друг шраф што веќе е затегнат.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не работете со алатот без
шрафови. Тоа ќе ја оштети површината што се
завртува.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не нанесувајте масло или
средство за подмачкување на лизгачката
површина од куќиштето на полначот.
Вклучете го алатот со повлекување на прекинувачот
за стартување. Држете го алатот директно и цврсто
на површината што се завртува. Шрафот автоматски
ќе се однесе на позицијата за завртување и ќе се
затегне.
► Сл.18
Никогаш не
48 МАКЕДОНСКИ
Завртување во режим на
одвртување со туркање
1.
Повлечете го прекинувачот за стартување
малку и отпуштете го. Потоа брзо притиснете го
копчето за избор на режимот.
Светилката на индикаторот на избирачот на режим
на одвртување со туркање ќе засвети и се активира
режим на одвртување со туркање.
► Сл.19: 1. Копче за избор на режимот 2. Светилка
на индикаторот
2.
Притиснете го копчето за блокирање додека
го извлекувате прекинувачот за стартување и потоа
отпуштете го прекинувачот за стартување.
► Сл.20: 1. Копче за заклучување 2. Прекинувач за
стартување
НАПОМЕНА: Додека се избира режим на
одвртување со туркање и се заклучува
прекинувачот, моторот не се ротира при
работа без оптоварување за да се минимизира
потрошувачката на енергија.
3.
Држете го алатот директно на површината што се
завртува и применете притисок нанапред на алатот.
Шрафот автоматски ќе се однесе на позицијата за
завртување и ќе се заврти со полна брзина.
► Сл.21
Завртување во ќош
ВНИМАНИЕ:
Завртувањето на позиција што
е поблизу од 15 мм до ѕидот или завртувањето
со основата на запирачот во допир со ѕидот
може да ги оштети главите на шрафовите и да
предизвика абење на бургијата за одвртување.
Ова исто така може да доведе до слабо затегање
на шрафовите и дефект на алатот.
Овој алат може да се користи за вртење во позиција
на оддалеченост од 15 мм од ѕидот, како што е
прикажано на сликата.
► Сл.22: 1. Ѕид 2. Основа на запирачот 3. 15 мм
Олабавување
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот за
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре. Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
Овој алат ви овозможува лесно да ја смените
насоката на ротацијата на бургијата за одвртување,
надесно (во насока на стрелките на часовникот) за
затегање шраф или налево (обратно од насоката на
стрелките на часовникот) за разлабавување шраф.
1.
Притиснете ја рачката на прекинувачот за
обратна акција од страната B за ротација во насока
спротивна од стрелките на часовникот.
► Сл.23: 1. Рачка на прекинувачот за обратна акција

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dfr452Dfr452z

Table of Contents