Bosch Professional GBH 18V-26 D Original Instructions Manual page 182

Hide thumbs Also See for Professional GBH 18V-26 D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
182 | Македонски
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (12)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување (11) и свртете го
прекинувачот за запирање на удари/вртежи (12) во
саканата позиција додека не слушнете дека се
вклопил.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
Завртување
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за запирање
на удари/вртежи (12)не се вклопува.
Позиција за Длетување
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е
возможно.
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (5) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
– Десен тек: Префрлете го прекинувачот за правец
на вртење (5) налево до крај.
1 609 92A 854 | (14.09.2022)
– Лев тек: Префрлете го прекинувачот за правец на
вртење (5) надесно до крај.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Работното светло (10) при малку или целосно притиснат
прекинувач за вклучување/исклучување (7) овозможува
осветлување на работното поле при услови на слаба
осветленост.
При првото вклучување на електричниот алат може да
дојде до одложување на стартот на алатот.
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
– За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 44 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (12) во позиција „Vario-Lock".
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (12) во позиција „Длетување". Со тоа,
прифатот за алат ќе се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на
десен тек.
Совети при работењето
Подесување на длабочината на дупчење (види слика
G)
Со граничникот за длабочина (15) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (13) и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната рачка (14).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (15)
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus (2). Инаку, доколку SDS-
plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents