Philips Sonicare DiamondClean HX9392/39 Manual page 195

Hide thumbs Also See for Sonicare DiamondClean HX9392/39:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За да ја отстраните батеријата на полнење, ќе ви треба крпа или
ткаенина, чекан и рамен (стандарден) шрафцигер. Почитувајте ги
основните безбедносни мерки при следење на постапката
опишана подолу. Заштитете си ги очите, рацете, прстите и
површината на којашто работите.
1 За да ја испразните батеријата на полнење од преостанатото
полнење, отстранете ја рачката од полначот, вклучете ја
Philips Sonicare и оставете ја да работи додека не сопре.
Повторувајте го чекоров до моментот кога Philips Sonicare не
се вклучува.
2 Отстранете ја и фрлете ја главата за четката. Покријте ја
целата површина на рачката со крпа или ткаенина (Сл. 16).
3 Држете го врвот на рачката со едната рака и удрете го
куќиштето на рачката околу 1 цм над долниот крај. Удрете
силно со чекан на сите четири страни за да се отстрани
крајното капаче (Сл. 17).
Забелешка: можеби ќе треба да удирате на краевите
неколкупати за да ги одвоите внатрешните врски.
4 Отстранете го крајното капаче од рачката на четката за заби.
Ако крајното капаче не се отстрани лесно од куќиштето,
повторувајте го чекорот 3 додека не се отстрани (Сл. 18).
5 Држејќи ја рачката наопаку, притиснете го издадениот дел на
цврста површина. Ако внатрешните компоненти не се
отстранат лесно од куќиштето, повторувајте го чекорот 3
додека не се отстранат (Сл. 19).
6 Извадете го гумениот капак на батеријата.
7 Турнете го шрафцигерот помеѓу батеријата и црната рамка на
дното од внатрешните компоненти. Потоа туркајте го
шрафцигерот подалеку од батеријата за да го одвоите дното
на црната рамка (Сл. 20).
8 Вметнете го шрафцигерот под долниот дел на батеријата и
црната рамка за да ја одвоите металната плочка што ја
поврзува батеријата со зелената печатена струјна плоча. Ова
ќе го одвои долниот крај на батеријата рамката (Сл. 21).
Македонски
195

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents