Македонски - Philips GC6704/30 User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
Користење на апаратот
Пеглање
Поставка за температура
SYNTH до ●
●●
●●● до LINEN
1
Ставете го апаратот на стабилна и рамна површина.
Забелешка: за да овозможите безбедно пеглање ви препорачуваме базата секогаш да ја поставувате на
стабилна штица за пеглање.
2 Проверете дали има доволно вода во резервоарот за вода.
3 Извадете го кабелот за напојување и цревото за довод на вода од преградата за чување.
4 Вметнете го приклучокот во заземјен ѕиден штекер и притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
5 Завртете го регулаторот за температура за да ја поставите соодветната температура во согласност со горната
табела. Апаратот автоматски ја приспособува пареата во зависност од избраната температура.
Забелешка: погледнете ја ознаката на облеката за препорачана поставка за температурата. Немојте да
пеглате ткаенини што не се пеглаат.
6 Почекајте индикаторот „пеглата е подготвена" да почне постојано да свети (сл. 4). Ова трае приближно
2 минути.
7 Само за серијата GC6730, GC6740: притиснете го копчето за отпуштање на бравата за носење за да ја
ослободите пеглата од подножјето (сл. 5).
8 Притиснете и задржете го копчето за пареа за да започнете да пеглате (сл. 6).
Предупредување: никогаш не насочувајте ја пареата кон луѓе.
Забелешка: при првата употреба на апаратот, може да бидат потребни 30 секунди за да пареата почне да
излегува од апаратот.
Забелешка: пумпата се активира секогаш кога ќе го притиснете копчето за пареа. Таа произведува слаб звук
на ѕвечкање, што е сосема нормално. Кога во резервоарот за вода нема вода, звукот на пумпата е погласен.
Надополнете го резервоарот за вода кога нивото на вода ќе се спушти под минималното ниво.
Функција за дополнителна количина на пареа
1
Притиснете го копчето за пареа двапати брзо за да ослободите силен млаз на пареа во траење од 3 секунди
(сл. 7).
Забелешка: ви препорачуваме да ја користите функцијата за дополнителна количина на пареа само за
тврдокорни набори.
Вертикално пеглање
Предупредување: пеглата испушта врела пареа. Никогаш не обидувајте се да отстранувате набори од
облека додека некој ја носи (сл. 8). Не применувајте пареа во близина на вашата или туѓа рака.
Пеглата на пареа може да ја користите во вертикална положба за да ги отстраните наборите од ткаенините
поставени на закачалка.
1
Држете ја пеглата во вертикална положба, притиснете го копчето за пареа и нежно допрете ја облеката со
грејната плоча, па движете ја пеглата нагоре и надолу (сл. 9).
Автоматско поставување пареа
Македонски
Вид на ткаенина
Синтетика (на пр. ацетат, акрил, најлон,
вискоза, полиамид, полиестер)
Свила, волна
Памук, лен
103

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents