Makita AR411HR Instruction Manual page 43

Pneumatic auto feed coil screwdriver
Hide thumbs Also See for AR411HR:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Кога користите завртки за поврзаните лимови,
поврзаниот лим ќе се исфрли од водилката на
зашрафувачот додека ги зашрафувате завртките.
Растргнете го исфрлениот лим со извртување како
што е прикажано на сликата.
► Сл.19: 1. Исфрлен поврзан лим
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред проверки и одржување,
секогаш откачувајте го цревото за воздух од
алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Отстранување на заглавена
завртка
1.
Отстранете го цревото за воздух од алатот.
2.
Отворете ги вратата и капачето на магацинот, а
потоа растргнете го поврзаниот лим со завртки.
3.
Вметнете ја металната шипка во дупката за
исфрлање на завртки и полека удрете ја со чекан.
► Сл.20: 1. Метална шипка 2. Чекан
4.
Извадете ја заглавената завртка со шрафцигер
со рамно сечило или друга слична алатка.
► Сл.21
Исцедување на водата од
алатката
Отстранете го цревото за воздух од алатката и
наместете ја алатката, така што делот за воздух да
е свртен надолу кон подот. Оставете го некое време
така додека водата од внатрешноста на алатка се
исцеди.
► Сл.22: 1. Дел за воздух
Чување
Кога не е во употреба, секогаш исклучувајте го
цревото за воздух од алатката и прикачете го
капакот на делот за воздух. Исчистете ја железната
прашина што се лепи за магнетот користејќи чистач
со воздух. Овој алат треба да се чува на топло и
суво место.
► Сл.23: 1. Капаче
Одржување на компресорот и
цревото за воздух
Следете ги следните упатства за да се одржи
оптимална изведба и да се избегне можниот дефект
на алатката.
Секогаш исцедете го резервоарот на
компресорот по секое работење;
Чувајте го цревото за воздух подалеку од
топлина (над 60°C, над 140°F);
Чувајте го цревото за воздух подалеку од
хемикалии како што се разредувач, силни
киселини или бази;
Поставувајте го цревото подалеку од пречки во
кои може да се заплетка при работата;
Поставете ги цревата подалеку од остри
рабови и подрачја што може да доведат до
оштетување или нагризување на цревото.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Црево за воздух
Заштитни очила
Бургија за одвртување
Завртки сортирани на макара
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
43 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents