Makita M8701 Instruction Manual page 27

Combination hammer
Hide thumbs Also See for M8701:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
безбедносни предупредувања и сите упатства.
Ако не се почитуваат предупредувањата и
упатствата, може да дојде до струен удар, пожар
или тешки повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат" во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ВРТЛИВАТА ЧЕКАН-ДУПЧАЛКА
Носете штитници за уши. Изложувањето на
1.
бучава може да предизвика губење на слухот.
2.
Користете помошна рачка(и), ако е
доставена со алатот. Губењето контрола може
да предизвика повреда.
3.
Држете го алатот за изолираните држачи кога
вршите работи каде додатокот за сечење може
да дојде во допир со скриени жици или со
сопствениот кабел. Додатоците за сечење што
ќе допрат жица под напон можат да ја пренесат
струјата до металните делови на алатот и да
предизвикаат струен удар на операторот.
Носете тврда капа (заштитен шлем),
4.
заштитни очила и/или штитник за лице.
Обичните очила или очилата за сонце НЕ СЕ
заштитни очила. Сериозно се препорачува
да носите маска што штити од прав и
дебело обложени ракавици.
5.
Проверете дали бургијата е зацврстена пред
да почнете да работите.
6.
При нормално работење, алатот создава
вибрации. Шрафовите можат лесно са
се олабават, да предизвикаат прекин на
работата или незгода. Проверете колку
цврсто се завртени шрафовите пред да
почнете да работите.
7.
Кога е ладно времето или кога алатот не бил
користен долго време, дозволете алатот да се
загрее за миг, нека работи извесно време без
оптоварување. На тој начин ќе се подмачка. Без
правилно загревање, тешко ќе оди ковањето.
8.
Бидете сигурни дека секогаш стоите на
цврста подлога. Уверете се дека под Вас
нема никој кога го користите алатот на
високи места.
Прочитајте ги сите
27 МАКЕДОНСКИ
9.
Цврсто држете го алатот со двете раце.
10. Држете ги рацете подалеку од подвижните
делови.
11.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
12. Не покажувајте со алатот кон лица што се во
просторот во кој се работи. Бургијата може
да излета и да повреди некого сериозно.
13. Не допирајте ги бургијата или околните
делови веднаш по работата; можат да бидат
многу жешки и да ви ја изгорат кожата.
14. Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите
кабелот во мрежата, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти.
ВНИМАНИЕ:
Прекинувачот може да биде
блокиран во положбата „ON" за поголема
удобност за лицето што ракува со алатот при
подолготрајна употреба. Бидете внимателни
кога го блокирате алатот во положбата „ON" и
одржувајте стабилен зафат на алатот.
► Сл.1: 1. Прекинувач 2. Копче за одблокирање
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопрете.
За континуирана работа, повлечете го прекинувачот,
притиснете го копчето за блокирање и потоа
отпуштете го прекинувачот. За да го запрете алатот
од блокираната положба, повлечете го целосно
прекинувачот, а потоа, отпуштете го.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents