Makita 4100KB Instruction Manual page 33

Dustless cutter
Hide thumbs Also See for 4100KB:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вреќа за прав
Ако користите вреќа за прав, чистењето и
собирањето прав ќе биде едноставно. За да
ја поставите вреќата за прав, приклучете ја на
прскалката за прав.
► Сл.7: 1. Вреќа за прав 2. Грло за прав
Вратот на грлото за прав се ротира слободно.
Позиционирајте ја вреќата за прав, така што ќе може
удобно да работите со алатот.
► Сл.8
Кога вреќата за прав е полна речиси една третина,
отстранете ја од алатот и извлечете ја спојката. Испразнете
ја содржината од вреќата за прав, нежно потчукнувајќи
ја за да се отстранат делчињата што се задржуваат во
внатрешноста, а што може да пречат при собирањето.
► Сл.9: 1. Спојка
Поврзување на вакуумската
правосмукалка
Кога сакате да извршите чисто сечење, поврзете
вакуумска правосмукалка Makita на вашиот алат.
► Сл.10: 1. Црево на вакуумската правосмукалка
2. Грло за прав
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Овој алат треба да се користи
само на хоризонтални површини.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да го движите
алатот напред во права линија и нежно.
Примената на сила и прекумерното притискање
или оставање тркалото да се свитка, заглави или
изврти во резот може да предизвика прегревање
на моторот и опасен повратен удар на алатот.
Цврсто држете го алатот. Поставете ја основата врз
материјалот што ќе го сечете, така што дијамантското
тркало нема да го допира. Потоа, вклучете го алатот
и почекајте додека дијамантското тркала не достигне
целосна брзина. Сега, едноставно придвижете го алатот
нанапред долж површината на материјалот што се сече,
притоа одржувајќи го рамен на површината и напредувајќи
бавно додека сечењето не заврши. Сечете праволиниски и
одржувајте константна брзина на напредување.
► Сл.11
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, проверете дали алатот е исклучен
и откачен од струја.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Острење на дијамантското тркало
Ако дијамантското тркало почне да сече послабо,
употребете стар, фрлен, груб, брусен камен или
бетонски блок за да го наострите. За острење,
прицврстете го добро брусното тркало или
бетонскиот блок и сечете во него.
По употреба
Исчистете ја прашината во внатрешноста на алатот,
оставајќи го да поработи во празен òд одредено
време. Избришете ја насобраната прашина од
основата. Насобраната прашина во моторот или на
основата може да предизвика дефект на алатот.
Замена на карбонските четкички
Редовно проверувајте ги карбонските четкички.
Заменете ги кога ќе се истрошат до граничната
ознака. Одржувајте ги карбонските четкички
чисти за да влегуваат во држачите непречено.
Двете карбонски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични карбонски
четкички.
► Сл.12: 1. Гранична ознака
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со шрафцигер. Извадете ги истрошените карбонски
четкички, вметнете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите на четкичките.
► Сл.13: 1. Шрафцигер 2. Држач на четкичка
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Дијамантски тркала (Сув тип)
Клуч 22
Имбус-клуч
Шина-водилка
Адаптер за шина-водилка
Заштитни очила
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
33 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents