Samsung WW9 TA Series User Manual page 139

Hide thumbs Also See for WW9 TA Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Не ставајте предмети што произведуваат електромагнетни полиња во близина на машината за перење.
• Тоа може да предизвика повреди поради неправилно функционирање.
Водата што се испушта при перење или сушење на висока температура е жешка. Не допирајте ја водата.
• Тоа може да предизвика изгореници или повреди.
Времето за испуштање вода може да варира, зависно од температурата на водата. Ако температурата на
водата е превисока, испуштањето почнува откако водата ќе се олади.
Не перете, центрифугирајте или сушете водоотпорни навлаки, теписи или облека (*), освен ако апаратот има
специјален циклус за перење такви предмети.
(*): Волнена постелнина, навлаки за дожд, елеци за рибарење, панталони за скијање, вреќи за спиење,
навлаки за пелени, тренерки и навлаки за велосипеди, мопеди, автомобили и сл.
• Не перете дебели или тврди теписи дури и ако имаат ознака за перење во машина на етикетата за нега.
Тоа може да предизвика повреди или оштетување на машината за перење, ѕидовите, подот или облеката
поради ненормални вибрации.
• Не перете килимчиња или чергичиња со гумена основа. Гумената основа може да се оддели и да се
залепи во внатрешноста на барабанот, а тоа може да предизвика неправилно функционирање како
грешка во одводот.
Не користете ја машината за перење кога е извадена фиоката за детергент.
• Тоа може да предизвика струен удар или повреди поради протекување на водата.
Не допирајте ја внатрешноста на барабанот за време или веднаш по сушење бидејќи е жежок.
• Тоа може да предизвика изгореници.
Стаклото на вратата се вжештува при перење и сушење. Затоа не допирајте го стаклото на вратата.
Не дозволувајте ни деца да си играат околу машината за перење или да го допираат стаклото на вратата.
• Тоа може да предизвика изгореници.
Не ставајте ја раката во фиоката за детергент.
• Тоа може да предизвика повреди бидејќи раката може да ја потфати уредот за внесување детергент.
Извадете ја чашката за течен детергент (само кај соодветните модели) кога користите прашок за перење.
• Инаку може да протекува вода низ предната страна на фиоката за детергент.
Не ставајте никакви предмети (како чевли, отпадоци од храна, животни) освен алишта во машината за
перење.
• Тоа може да предизвика оштетување на машината за перење или повреди и смрт во случај на
галеничињата поради ненормалните вибрации.
Не притиснувајте ги копчињата со остри предмети како игли, ножеви, нокти итн.
• Тоа може да предизвика струен удар или повреди.
Не перете облека што е контаминирана со масло, креми или лосиони од продавници за нега на тело или
салони за масажа.
• Тоа може да предизвика деформирање на гумената заптивка и протекување вода.
Untitled-3 11
Македонски 11
9/8/2020 3:47:39 PM

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ww8 ta seriesWw7 ta series

Table of Contents