Makita DG001G Instruction Manual page 47

Cordless earth auger
Hide thumbs Also See for DG001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Функција за автоматско менување
на брзината
Овој алат има „режим со голема брзина" и „режим со
голем вртежен момент".
Алатот автоматски го менува работниот режим
во зависност од работното оптоварување. Кога
работното оптоварување е ниско, алатот ќе работи
во „режим со голема брзина" за побрза работа. Кога
работното оптоварување е високо, алатот ќе работи
во „режим со голем вртежен момент" за моќна
работа.
► Сл.10: 1. Индикатор за режим
Индикаторот за режим светнува зелено кога алатот
е во режим на „голем вртежен момент".
Доколку алатот работи со прекумерно
оптоварување, индикаторот за режим ќе трепка
зелено. Индикаторот за режим ќе престане да
трепка, а потоа ќе светне или ќе се исклучи, доколку
го намалите оптоварувањето на алатот.
Статус на индикатор за режим
Вклучено
Исклучено
Промена на брзина
ЗАБЕЛЕШКА:
Користете го алатот на мала
брзина (позиција 1). Во спротивно, операцијата
на копање може да не се заврши поради
недоволен вртежен момент.
ЗАБЕЛЕШКА:
Користете ја рачката за
промена на брзината само откако алатот
целосно ќе запре. Промената на брзината пред
алатот да запре може да го оштети алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Секогаш поставувајте ја
рачката за промена на брзината внимателно
во соодветната положба. Ако ракувате со алатот
со рачката за промена на брзината поставена на
половина помеѓу позицијата 1 и 2, алатот може да
се оштети.
Опсегот на двете брзини може да се избере
однапред со рачката за промена на брзината.
За промена на брзината, притиснете го копчето
за блокирање и свртете ја рачката за промена
на брзината, така што покажувачот секогаш ќе
покажува на положба 1 за мала брзина или положба
2 за голема брзина.
► Сл.11: 1. Копче за блокирање 2. Покажувач
3. Рачка за промена на брзината
Работен
режим
Трепка
Режим со
голема
брзина
Режим
на голем
вртежен
момент
Предупредување
за
преоптоварување
47 МАКЕДОНСКИ
Ограничувач на вртежите
Ограничувачот на вртежите ќе се активира кога ќе се
постигне определено ниво на вртење при поставката
за ниска брзина (положба 1). Моторот ќе се раздвои
од основата за излезниот материјал. Кога ова ќе се
случи, бургијата ќе престане да се движи.
За да повторно го стартувате алатот, подигнете ја
бургијата од дупката, а потоа повторно повлечете го
прекинувачот за стартување.
Електронска функција
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка. Ако
алатот постојано не успева брзо да прекине да
функционира по отпуштање на прекинувачот за
стартување, алатот треба да се однесе на сервис во
сервисен центар на Makita.
Одлика за меко стартување
Оваа функција овозможува лесно стартување на алатот
со ограничување на стартниот вртежен момент.
СОСТАВУВАЊЕ
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.12: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете ја од алатот
додека го лизгате копчето на предната страна на касетата.
За монтирање на касетата за батерија, порамнете го
јазичето на касетата за батерија со жлебот во куќиштето
и лизнете го во место. Вметнете ја докрај додека не се
блокира во место при што ќе се слушне звук. Ако можете
да го видите црвениот индикатор како што е прикажано
на сликата, не е целосно блокирана во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents