Извршување На Почетното Поставување; Користење На Тв-Контролор - Samsung UE49NU8000 User Manual

Hide thumbs Also See for UE49NU8000:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
04 Извршување на почетното поставување
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, тој веднаш ќе го активира почетното поставување.
Почетното поставување ви овозможува да ги конфигурирате основните поставки според кои ќе
функционира телевизорот, како што се прием на емитувања, пребарување канали и мрежна врска.
• Пред да започнете со почетното поставување, прво треба да поврзете надворешни уреди.
• За да ги користите паметните функции на телевизорот, телевизорот мора да биде поврзан на
интернет.
• Кога телевизорот комуницира со мобилните уреди, на телевизорот може привремено да се појави
шум.
• Апликацијата SmartThings е достапна за мобилни уреди со Android 6.0 или понова верзија, како и за
уреди со iOS 10 или понова верзија.
• За да извршите иницијализација преку апликацијата SmartThings, мобилниот уред мора да биде
поврзан на Wi-Fi мрежа.
• Ако прозорецот за поставување не се појави автоматски во апликацијата SmartThings на мобилниот
уред, тогаш постапката ќе ја продолжите откако рачно ќе го додадете телевизорот во функцијата
Додај уред на контролната табла на апликацијата SmartThings.
Почетното поставување може да го активирате и преку менито на телевизорот (
Општо > Започнете со поставувањето).
Следете ги инструкциите што се прикажуваат на екранот за почетно поставување и конфигурирајте ги
основните поставки на телевизорот според опкружувањето во кое го користите.
Користење на ТВ-контролор
Вклучете го телевизорот со помош на копчето ТВ-контролор на долната страна на телевизорот, а
потоа користете ја функцијата за контролно мени. Функцијата Мени за контрола се појавува кога ќе го
притиснете контролното копче на телевизорот кога телевизорот е вклучен. За повеќе информации во
врска со користењето, погледнете ја сликата подолу.
>
Мени за контрола
: Исклучи
: Кан. горе
: Канал долу
ТВ-контролор / Сензор за далечинскиот
управувач
Притиснете: Премести
Притиснете и задржете: Избери
ТВ-контролор се наоѓа на долната страна
на телевизорот.
Поставување >
: Гл. горе
: Глас. долу
: Извор
Македонски - 13

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents